Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и секој остава бакшиш“

Друга разлика е тоа што најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадби.

Во Македонија многу поголем дел од жените доаѓаа на шминкер, не само за свадби, туку и за мали семејни забави, родендени и слично.

Дефинитивно е повеќе платена шминката во САД, а и скоро секој остава бакшиш.

Како најчесто се шминкаш ти? Имаш ли омилена мејкап артистка?

Најчесто се шминкам ептен брзински, лесна пудра, коректор со средна покривност, бронзер, течно руменило со розови тонови, маскара, сјај за усни и готова сум за 5 минути!

Неколку артисти кои ми се допаѓаат и ми се инспирација се: Патрик Та, Пат МгГрат, Присила Оно и од Македонија, една и единствена Милена Косиќ.

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-11.jpg

Од каде идејата за Picnic Era и што всушност нудиш со овој бизнис? За какви прослави најчесто те најмуваат?

Picnic Era е компанија која нуди организирање на луксузен пикник и декорации на маси за посебни пригоди.

Отсекогаш сум сакала да декорирам, сите мои родендени имале тема и сум правела декорации сама еден месец однапред.

Од друга страна, многу сакам да поминувам време надвор, и доста често си правам пикник во природа.

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-10.jpg

Идејата за организирање пикник од овој тип ја добив некаде од социјалните мрежи (нормално) — соединува две работи кои ми се доста интересни и уживам во нив, па целата идеја некако брзо ми кликна во главата.

Досега имам организирано најмногу роденденски пикник забави, а неодамна организирав и романтично запросување на плажа во Сан Франциско и беше многу интересно да се работи на ваков настан.

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-06.jpg

Дали има побарувачка во САД? Дали мислиш дека би имало интерес и во Македонија за нешто слично?

Побарувачка има, иако е сè уште многу млад бизнис, имаме доста заинтересираност. Верувам дека би имало многу заинтересираност и во Македонија.

Немам слушнато досега некој да прави ваков тип на пикник, но има доста компании за декорации и организирање родендени и свадби, многу талентирани луѓе кои го работат ова.

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-07.jpg

Од каде црпиш инспирација?

Инспирацијата доаѓа од најразлични извори. Најпрво од самата себе и креативноста во мене, луѓето околу мене, трендови, социјалните мрежи, карактерот на моите клиенти, природата околу мене…

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-3.jpg

Планираш ли да се вратиш во Македонија? Дали имаш план за уште некој креативен бизнис во Македонија или САД?

Моментално немам планови за враќање во Македонија, но никогаш не вели никогаш, нели?

Мојот фокус сега е на развивање на Picnic Era и зголемување на базата на клиенти за шминка, немам трети планови за нешто друго.

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Софија Спирова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg