Марјан Петров, шминкер: „На 17 години отворив салон во домот во Мокриево, денес работам со големи балкански ѕвезди“
Роден си во селото Мокриево, а денес живееш во Струмица. Дали отсекогаш имаше амбиција да се преселиш во поголем град и да бидеш шминкер или изборот на професијата дојде подоцна?
Во Струмица се преселив на 18 години, бидејќи во мојот салон дома, кој го отворив кога имав 17 години, ми беше веќе тесно. Обврските се зголемуваа, имав поголеми амбиции и морав да отворам нов салон.
Подоцна Magic Studio прерасна во бренд, како во Струмица, така и пошироко, а јас се здобив со клиенти од другите градови.
Мојот салон доби ново руво и сега е на местото каде што треба да биде - познато за сите.
Задоволен ли си од постигнатото во кариерата - од мал салон во Мокриево да стигнеш до светските ѕвезди во Париз?
Горд сум на моите успеси, кој не би бил, нема да бидам лажно скромен.
Сакам да растам, да се надоградувам. Тоа е животот, борба за опстанок, посебно во мојата професија.
Конкуренцијата е голема, во Македонија има неколку звучни имиња кои низ годините траат токму поради нивниот талент.
Скромноста, талентот и упорноста се клучни за успехот на еден уметник.
„Гледај си ја својата работа, не се споредувај со другите и не наштетувај никому“ е моето мото по кое се водам низ годините.
А јас со задоволство раскажувам за моите почетоци - токму тоа ме доведе до она што сум денес. Можеби тоа е рецептот на мојот успех.
Што е следниот предизвик?
Следните проекти се големи, само ќе кажам светски. Не смеам ништо подетално да откривам.
Погледнете повеќе фотографии од Марјан, неговата работа и клиенти:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело