Таско за татковството: „Најстресно ми беше кога Лукијан првпат се разболе“

Дали му пееш за да го заспиеш или за да го забавуваш? Тоа се твои песни или научи детски песнички?

Му пеам, и тоа многу често. Му пуштам музика што јас ја слушам. Детски песнички не му пуштам сè уште.

Мислам дека нема потреба од цртани или од некои такви песнички во моментов.

Јас генерално си играм со него, го занимавам и засега е супер во развојот.

tasko-za-tatkovstvoto-najstresno-mi-beshe-koga-lukijan-prvpat-se-razbole-07.jpg

Какво бебе е тој? Плаче, мирен е, сака да се гали?

Искрено, добро бебе е, мирен е. Немавме тешкотии со него ни во онаа фаза до 40 дена, ни во првите месеци додека растеше.

Сега, имавме малку проблем со запчињата, но и тоа помина океј на крајот.

Инаку, сака да се гали многу. Живо дете е, сака да истражува, да „чепка“, сака да разгледува околу себе, сака да игра.

tasko-za-tatkovstvoto-najstresno-mi-beshe-koga-lukijan-prvpat-se-razbole-03.jpg

На кого личи повеќе, на тебе или на мајка му?

Не знам на кого личи повеќе, комбинација е од двајцата. Некои луѓе викаат дека е на мене, други дека е на Таша.

Ама, вака како што го гледам, засега карактерно е на мене, див и нескротлив.

tasko-za-tatkovstvoto-najstresno-mi-beshe-koga-lukijan-prvpat-se-razbole-05.jpg

Што ти е досега најубавата работа поврзана со татковство? А, која ти е најстресна?

Најстресно ми беше кога првпат се разболе, зашто тој не знае да ти каже што му е, па ти треба да откриваш. Тоа ќе го памтам секогаш како најстресен момент.

А, сите останати работи ми се убави - кога ќе стане наутро, кога сака да си игра, кога ќе види и ќе ти се насмее. Сè е убаво.

tasko-za-tatkovstvoto-najstresno-mi-beshe-koga-lukijan-prvpat-se-razbole-08.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg