Семејството Самарџиоски има пекарница на Малта: „Четврт бурек е 3,50 евра, продаваме и готвени јадења“

Лесно ли се доаѓа до состојките што ви се потребни за подготовка на производите? Колку моравте да импровизирате со рецептите?

На почеток кога започнавме со бизнисот беше тешко да се најдат вистинските состојки.

За да се долови вкусот на производите, нашите родители започнаа да ги подготвуваат сами состојките.

Скоро сите состојки кои ги користиме се домашно направени.

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-10.jpg

Кои ви се најчести клиенти? Дали доаѓаат и локалците за да ги пробаат вашите специјалитети и што им е омилено?

Малта е мултиетнички остров, тука живеат луѓе од сите страни на светот.

Најчести потрошувачи се нашите Балканци, меѓутоа скоро и да не постои човек што не го пробал и не го пофалил нашиот бурек.

Сите Македонци и Балканци кои ќе ја посетат Малта се добредојдени во нашата бурекчилница, за да ги пробаат нашите производи.

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-15.jpg

Имате ли проблем со наоѓање работници? Има ли мајстори за бурек на Малта или сè работите сами?

Мајсторите коишто ни го прават бурекот се Балканци (Македонец и Србин) и се со нас од првиот ден, заради тоа квалитетот и вкусот на бурекот е непроменет сите овие години.

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-11.jpg

Што е она што најмногу ви недостасува од Македонија и размислувате ли некогаш да се вратите?

Ние сме 4 деца. Брат ми со фамилијата живее во Прилеп, а сестра ми со фамилијата живее во Германија.

Тоа е тоа што ни фали на Малта, но патуваме често, има редовни летови коишто траат од прилика 1 саат и 15 минути.

Засега не планираме да се враќаме во Македонија, тука сме веќе 10 години и се навикнавме на животот на Малта.

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-16.jpg

Во продолжение уште неколку фотографии од специјалитетите на „Twins Burek“:

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-13.jpg

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-14.jpg

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-17.jpg

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-18.jpg

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-19.jpg

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-20.jpg

semejstvoto-samardjioski-ima-pekarnica-vo-malta-chetvrt-burek-e-3-50-evra-prodavame-i-gotveni-jadenja-22.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg