Мишел од Куманово е пица мајстор: „Работам и во Хрватска, дневно сум правел од 160 до 180 пици“

„Никогаш не би комбинирал ананас во пица, а најмногу сакам да правам пици со 4 до 5 состојки“, вели Мишел Стојановски од Куманово кој е пица мајстор и има работено во неколку македонски, но и неколку пицерии во Хрватска.

mishel stojanovski pica majstor od kumanoov kapriciozata sekogas e na prvo mesto na izborot na gostite a dnevno sum pravel pici od 160 do 180 11

Мишел Стојановски (29) од Куманово е пица мајстор кој во последен период често престојува во Загреб. По многу години поминато низ пицерии во Куманово, своето професионално искуство го продолжува и во Хрватска, работејќи 7 сезони.

Во продолжение следува разговор со Мишел кој за читателите на CRNOBELO.COM открива што значи да се биде пица мајстор, кои состојки не се пожелни за комбинирање и дава совети за како да се направат вкусни пици дома.

Целото интервју во продолжение:

Мишел, каде го научи занаетот за пица мајстор? Кои се твоите почетоци?

Занаетот го научив на свои 19 години, од мојот шеф Трајче Тасиќ во ресторан Ексклузив. Нормално, во понатамошната кариера имам научено уште доста од други колеги во Македонија и Хрватска.

mishel stojanovski pica majstor od kumanoov kapriciozata sekogas e na prvo mesto na izborot na gostite a dnevno sum pravel pici od 160 do 180 9 

Во кои пицерии имаш работено досега?

Во својата кариера имам променето доста работни места, мојата кариера е на релација Македонија и Хрватска.

Во Куманово имам работено во доста ресторани/пицерии како што се ресторан Ексклузив, The Yard lounge bar, Пин Петрол, ресторан Браво...

Во Хрватска имам работено 7 сезони од кои првите три во Pizzeria Gajo на остров Угљен, место Преко, Задар. Една во ресторан Gastro Story во Трогир, и три во ресторан Harry’s, Водице во близина на Шибеник.

Исто така ќе го наведам и ресторанот Doomsday во Загреб каде имам работа една година.

mishel stojanovski pica majstor od kumanoov kapriciozata sekogas e na prvo mesto na izborot na gostite a dnevno sum pravel pici od 160 do 180 3

Знаеш ли колку пици имаш направено во текот на еден ден?

Искрено немам броено, но би рекол од 160 до 180.

mishel stojanovski pica majstor od kumanoov kapriciozata sekogas e na prvo mesto na izborot na gostite a dnevno sum pravel pici od 160 do 180 2

Кои пици најмногу сакаш да ги јадеш?

Зависи од тоа колку сум гладен. Мора да признаам дека немам некоја конкретна пица на ум. Изборот варира.

Тоа може да биде маргарита, ама некогаш може да заврши и пица со сланина, шампињони и многу лук.

mishel stojanovski pica majstor od kumanoov kapriciozata sekogas e na prvo mesto na izborot na gostite a dnevno sum pravel pici od 160 do 180 4

Според тебе, која комбинација на состојки не смее да комбинира во пица?

Секој има свој избор, но јас никогаш не би комбинирал ананас во пица или слатка пица.

mishel stojanovski pica majstor od kumanoov kapriciozata sekogas e na prvo mesto na izborot na gostite a dnevno sum pravel pici od 160 do 180 8

Кои пици најмногу сакаш да ги подготвуваш?

Оние пици кои имаат од 4 до 5 состојки. 

Си имал контакт со луѓе од целиот свет. Имаш ли применето какви пици најмногу нарачуваат туристи од Франција, Германија, Англија, Шпанија, Италија... и секако, Македонија?

Да, нормално дека има разлика. Работев доста долго со туристи, но сепак сè се сведува на личниот вкус на гостинот.

Германците би рекол дека секогаш се за некоја комбинација на месо, додека Италијанците се базирани повеќе на разновидните кашкавали и сирења и доста зеленчук. Но, сепак мислам дека капричиозата е на прво место.

mishel stojanovski pica majstor od kumanoov kapriciozata sekogas e na prvo mesto na izborot na gostite a dnevno sum pravel pici od 160 do 180 5

Имаш ли твој рецепт за вкусна домашна пица?

Да, имам правено пица дома, но никогаш не би била со ист вкус како од пицерија.

mishel stojanovski pica majstor od kumanoov kapriciozata sekogas e na prvo mesto na izborot na gostite a dnevno sum pravel pici od 160 do 180 6

Може ли да споделиш некој трик што ќе им биде од корист на сите што по дома често прават пици?

Секогаш печете на најјако.

Може ли да очекуваме твоја пицерија наскоро?

Па не би рекол во блиска иднина, но можно е.

mishel stojanovski pica majstor od kumanoov kapriciozata sekogas e na prvo mesto na izborot na gostite a dnevno sum pravel pici od 160 do 180 1

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg