Емра Куртишова: „Лена уште во стомакот реагираше на гласот на татко ѝ, а сега се топи кога тој ќе ѝ прозбори“

Како се снаоѓа, пак, тој во улогата на татко?

Засега одлично. Лена буквално уште во стомак реагираше на неговиот глас.

Сега се топи кога ќе ја погледне или кога ќе ѝ прозбори, љубов огромна е тоа.

Морам да признаам дека е горд и пресреќен татко, и тоа воопшто не го крие.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-08.jpg

Вие до последен момент не откривте ни дека ќе правите свадба, дури откако ги објавивте фотките се дозна во јавноста. Дали беше тоа мала свадба или голема, каде ја правевте, имавте ли некои адети?

Свадбата ја направивме во Гевгелија. Беше во кругот на најблиските, а обично таквите веселби со помалку гости поминуваат одлично.

Одлучивме да нема адети, бидејќи беа пеколни температури, а и јас бев бремена.

Во суштина беше навистина весела свадба за паметење.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-06.jpg

Каков е брачниот живот? Се сменија ли многу нештата или вие и претходно живеевте заедно, па ништо драстично не ви се смени?

Точно е дека претходно живеевме заедно, па едноставно само го продолживме она што го започнавме.

Нема драстични промени, освен раѓањето на Лена која сега ни го диктира секојдневието.

Фокусот е на неа и ѝ се радуваме до бескрај, затоа што сме свесни дека брзо ќе порасне и никогаш повторно нема да биде бебе.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-05.jpg

Неодамна заврши прикажувањето на седмата сезона на „Преспав“... Ти фалеше ли ликот на Исаура?

Уф, премногу! Кога гледав колку се добри сценаријата, колку се забавни и како екипата „растура“, навистина ми беше жал што успеав да снимам само две епизоди.

Со продукцијата начелно договоривме повеќе епизоди, но тие беа под знак прашалник бидејќи ми се ближеше денот за породување.

Така и се случи - ден пред снимање ми пукна воденикот, па тогаш за мене заврши оваа сезона.

Но, си ги гледав колегите и бев горда на тоа што го сработиле, а го сработиле повеќе од одлично!

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-02.jpg

И покрај бројните улоги, ова е ликот по кој те познаваат најмногу. Дали се вртиш ако некој викне Исаура по тебе? Те поистоветува ли јавноста со улогата што ја играш?

За волја на вистината, Исаура е единствениот лик кој е активен на телевизискиот медиум, а таквиот медиум сам по себе е многу моќен.

Ако се прашувам јас, многу би сакала публиката што не оди во театар да ме запознае и во други улоги, но тоа е веќе друга тема.

Ликот на Исаура ме направи она што сум денес, и сум навистина горда и благодарна што ми се укажа можност да сум дел од главните ликови во серијата.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-17.jpg

И, да, викаат Исаура и ме застануваат за да се сликаме, а тоа го правам со задоволство.

Ме радува нивната возбуда во моментот на средбата, но имам чувство дека одредена публика очекува да сум истиот лик од ТВ, па доживуваат мало разочарување во смисла „Ееее, па ти не си баш како Исаура“.

Сум се нашла во разни ситуации, еднаш морав да ги ислушам сите реплики од мојата прва епизода во серијата. Беше смешно и истовремено интересно што публиката ти ги знае репликите наизуст.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-03.jpg

Ти си долги години дел од Театарот за деца и млади. Какво е чувството да се излезе и глуми пред децата? Која ти е омилена улога во театарот?

Веќе имам трема после ова прашање ха, ха. Некаде на почетокот на февруари би сакала да му се вратам на театарот, ми недостасува навистина многу.

Пред сè, да работиш со деца или поточно за деца, е огромна одговорност.

Тие како публика се искрени и безмилосни, тотално спротивно од возрасната публика која често знае да аплаудира и да даде комплименти, иако ти како актер си свесен дека таа изведба била млакичка, да не речам лоша.

Е, тоа кај децата не постои. Со нив си на чисто, многу е едноставно - или им се допаѓа, или не, и токму затоа чест е да се игра пред детската публика.

Омилена улога немам, сите си ги сакам. Звучи како клише но, навистина, особено сега кога сум на породилно, толку многу ми фали и толку многу имам трема, што не знам како би поминала со првата претстава.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-07.jpg

Кој е следниот голем предизвик за 2024-та?

Ништо повеќе од тоа да сме живи и здрави, тоа во денешницава е вистински предизвик.

Да го зачуваме здравиот разум, да развиеме поголема емпатија и повеќе почит едни кон други.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-10.jpg

Прочитајте и: Емра Куртишова: „Беше предизвик да се глуми мајката на Џеј, кога стигнав во Србија дознав дека сум бремена“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg