Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло

„Помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки услови кои треба да ја имитираат средината во матката. Откако ќе се извадат јајце-клетките се следи нивната зрелост, а потоа под микроскоп се селектира најдобриот сперматозоид и со игла се вбризгува во јајцеклетката“, вели Воислав Дабевски кој е ембриолог во Осло. 

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-07.jpg

Воислав Дабески (36) од Тетово скоро 9 години работи како ембриолог - специјалист кои ги оплодува јајце-клетките и им помага на паровите да станат родители. Кариерата ја почнал во САД, на Кликинката за вештачко оплодување во Мичиген, а од 2020-та работи на Државната клиника во Осло, Норвешка, која е најголемата клиника од овој тип во Северна Европа.

Во разговор за CRNOBELO.com, тој вели дека е неопислива среќа кога со својата работа на некој пар ќе му помогне да добие дете. А, некои се толку среќни, што му ветиле дека ако детето е машко, ќе го носи неговото име.

Но, тука се секогаш и разочарувањата и тагата, кога оплодувањето нема да успее или кога работи со луѓе кои поради рак поминуваат низ најтешкиот период од животот, па притоа решаваат и да ги замрзнат јајце-клетките за во иднина да се обидат да станат родители.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-02.jpg

За својата успешна работа, но и за тоа како се навикнал на животот со многу студ во земја каде што зборот „евтино“ не постои, Војо ни раскажа во интервју:

Кажи ми повеќе за твојата работа, што значи „ембриолог“ и колкав е предизвикот да се работи на „создавање бебиња“?

По професија сум ембриолог и многу сум горд на тоа што го работам. Јас помагам во создавање нов живот, а воедно и на нови семејства.

Не секој се буди со насмевка кога станува за на работата, но јас скоро секое утро си подрипнувам од кревет и сум подготвен тој ден „да направам ново бебче“ и да усреќам некој да стане родител.

Работам во Универзитетската болница во Осло, која важи за најголема болница во Северна Европа, во одделот за асистирана репродукција.

Скоро девет години сум во ова поле. Како ембриолог помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, поточно во вештачки услови кои треба да ја имитираат средината во матката со константна температура и одредена концентрација на гасови.

Сè започнува со хормонско стимулирање на жената, за да се добијат одреден број на фоликули во кората на јајчниците. Тоа сè се следи под ултразвук.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-21.jpg

Потоа се вадат/изолираат јајце-клетките, се следи нивната зрелост, за да на крај под микроскоп да се селектира најдобриот сперматозоид и поединечно со игла се вбризгува во јајце-клетката.

Тоа е мојот омилен дел од работата, каде што навистина треба да се обрне внимание за сперматозоидот да изгледа добро од глава па до опаш, да плива брзо и право (да не фаќа кривини), морфолошки да е перфектен.

Овој процес се нарекува ICSI (Intracytoplasmic Sperm Injection). По инјектирањето, следниот ден се следи дали јајце-клетката се оплодила.

Потоа ембрионите се чуваат во специјален инкубатор наречен ембриоскоп, каде што со помош на микро камери се набљудува и следи развојот на ембрионите, без притоа да се наруши и прекине средината во која се наоѓаат.

Ова овозможува и прецизно селектирање на ембрионот за трансфер со најдобар квалитет на третиот или петтиот ден по оплодувањето.

Оние ембриони кои нема да бидат трансферирани, а се со висок квалитет, ќе подлежат на замрзнување и тоа на -196 Целзиусови степени, процес кој е наречен витрификација. 

Оваа професија бара огромна посветеност и концентрација, како и добар тим.

Благословен сум што сум опколен со вистински професионалци од целиот свет со кои секојдневно споделуваме знаење, совети и учиме еден од друг. Јасна комуникација е најбитниот дел. 

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-17_copy.jpg

Нo, не секогаш можеш да ги потиснеш емоциите, бидејќи оваа работа и тоа како може емотивно да те погоди, позитивно, но за жал и негативно. А, јас секогаш се стремам да помогнам колку што можам.

Еден пар, во кој сопругата остана бремена, ми ветија дека ако е машко ќе го крстат Воислав. Се пошегував советувајќи ги да не му го отежнуваат животот со тоа име.

Инаку ќе ги чекам да видам, дали така ќе го крстат ако е машко.

Пресреќен сум што имам една од најблагодарните професии и секој ден го давам максимумот за да им го остварам сонот на оние кои сакаат да станат родители.

Инаку, ембриологија од една страна знае да ве исполнува, но може да предизвика и голем притисок. Како ембриолози сме соочени со надежите и желбите на пациентите кои минуваат низ ин-витро процесите.

Емотивно знае да биде доста исцрпувачки, но даваме сè од себе да бидеме големи професионалци, да ја тргнеме настрана емоцијата и да се фокусираме кон исполнувањето на целите на пациентите.

Еден од предизвиците што стои пред нас е работата со парови кои се соочуваат со намалена плодност поради канцер и малигни заболувања.

Канцерот и неговото лекување можат да имаат сериозни последици врз фертилитетот на пациентите.

Во многу случаи, пред да започнат со хемотерапија или радиотерапија, паровите се одлучуваат на процес за зачувување или замрзнување на јајце-клетките, семениот материјал или ембрионите кои можат да бидат употребени во иднина кога пациентот ќе се опорави од болеста.

Како ембриолози, треба да обезбедиме безбедно собирање и зачувување на јајце-клетките и сперматозоидите за пациентите, што нашата работа ја чини посебно важна и уникатна.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-20.jpg

Дали отсекогаш сакаше да бидеш ембриолог? Како течеше твоето образование, кариера?

Мојот прв допир со науката беше уште на 14 години, кога се запишав во средно медицинско училиште, на отсекот фармацевтски техничар.

Додипломските студии ги завршив на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде се стекнав со називот инженер по биологија. Не се стремев да станам ембриолог, но отсекогаш знаев дека кариерата ќе ја поминам во лабораторија.

Во 2014-та добив иселеничка виза за САД и морав да заминам во рок од шест месеци.

Буквално со скоро ич пари во џеб се решив да ја „прескокнам барата“ и да си ја пробам среќата таму.

Првите неколку месеци живеев во Њујорк и работев во угостителство, и тоа во срцето на Тајмс Сквер. Доставував хамбургери до Бродвеј театрите. Аладин ми беше редовен муштерија.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-06.jpg

Во меѓувреме, аплицирав за повеќе работи поврзани со моето образование. Случајно на интернационална забава преку пријатели се запознав со менаџерката на една од најголемите IVF клиники во Северна Америка.

Ми кажа дека има конкурс за јуниор ембриолог за кој бараат биоинженер и тоа во Детроит, Мичиген. Тоа одлично се поклопи со моите критериуми и по три интервјуа ја добив понудата за работа.

Се сеќавам на првиот момент кога видов како се креира животот во петриевка (лабораториски сад). Оттогаш ембриологијата ми се залепи за срце и секој ден сè повеќе ме фасцинира.

Тоа ме натера да запишам и мастер студии по ембриологија и биотехнологија, каде паралелно работев од осум до четири, а во вечерните часови слушав онлајн предавања и „бубав“ цело време.

Така скоро две години. Посетив и неколку конференции и курсеви во областа на ин-витро во државите Тексас, Орегон и Мичиген и дополнително се надградував со нови техники и бев во тренд со најновите научни истражување во сферата на ембриологијата.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg