Верица од Струмица вежба фитнес на шипка: „Има негативни коментари, но ова е спорт кој бара голема подготвеност“

„Многупати сум слушнала негативни коментари, но, тоа доаѓа од луѓе кои не знаат какво е чувството кога со сопствена тежина ќе успееш да се кренеш и да направиш одредено движење на шипка. Овој спорт навистина е спорт кој не само што помага во зајакнувањето на мускулите, туку и во зајакнувањето на карактерот и трпеливоста“, вели Верица која една и пол година вежба фитнес на шипка (pole fitness), а работи како стоматолог.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-01.jpg

Верица Шајкарова (26) од Струмица е дипломиран доктор по дентална медицина и стоматолог во приватна ординација.

Иако ја обожава својата професија, Верица подеднакво ужива и во вежбањето.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-15.jpg

Таа веќе 9 години редовно оди во теретана, но од пред една и пол година, вежба и фитнес на шипка (pole fitness), кој станува сè попопуларен кај нас.

Во студиото каде што вежба одат и момци и девојки, но многу од нив брзо се откажуваат, ако по неколку месеци не успеат да изведат некоја од вежбите.

Верица вели дека ова не е стриптиз, и дека понекогаш се соочува со негативни реакции и лоши коментари од луѓето, кога ќе дознаат дека вежба на шипка.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-06.jpg

За сите предизвици кои ги носи овој начин на вежбање, Верица ни раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com, и искрено вели дека се надева дека ќе ги мотивира и другите да го пробаат фитнесот на шипка:

Како започна да се занимаваш со вежбање на шипка? Пред колку време? Колкупати неделно вежбаш?

Вежбањето на шипка т.е Pole fitness ми беше многу голем предизвик од моментот кога почнав да тренирам во теретана, но бидејќи живеев во Струмица, немав можност да го искусам.

По одреден период се преселив во Скопје, па решив да се запишам и да пробам.

За мене тоа беше многу голем чекор и впуштање во едно сосема поразлично искуство.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-05.jpg

Дали спортуваше нешто друго пред тоа?

Тренирам една и пол година, двапати неделно во студиото Pole people во Скопје, кое постои веќе 10 години.

Во последните три месеци за викенди вежбам и дома на моја шипка.

Истовремено вежбам и во теретана веќе 9 години без престан и тоа многу ми помага во однос на силата што ми е потребна за фитнесот на шипка (pole fitness).

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-02.jpg

Имаше ли на почетокот негативни коментари од одредени личности и проблем во прифаќањето на овој начин на танцување?

Почетокот на ова искуство беше многу голем предизвик за мене - прво дали ќе се пронајдам во самиот спорт, а потоа како луѓето околу мене ќе го прифатат сето тоа.

Бидејќи самиот спорт Pole fitness кај нас, за жал, не е доволно развиен и многу луѓе не се запознаени со тоа, кога ќе им кажеш дека вежбаш на шипка, коментарот веднаш е - стриптиз.

Кога почнав, се соочував со многу негативни коментари и проблем во самото прифаќање, но најбитно ми беше тоа што сепак моите најблиски ме поддржуваат во тоа што го правам, а тие што ме познаваат знаат дека не се откажувам од тоа што ме исполнува и ме прави среќна.

Морам да кажам дека ова е спорт што секој може да го проба, но само луѓето кои навистина се спремни да се движат по потешкиот пат, да не се откажат, луѓе кои знаат дека убавите работи не доаѓаат така лесно, кои се спремни да се борат - токму тие луѓе успеваат и продолжуваат.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-08.jpg

А, овој спорт бара навистина многу посветеност и излегување од зоната на комфор.

Многупати сум слушнала и коментари од типот на тоа дека ако не успеам во кариера, ова ќе ми биде втора опција.

Но, тоа доаѓа од луѓе кои не знаат какво е чувството кога со сопствена тежина ќе успееш да се кренеш и да направиш одредено движење на шипка, со тоа што во исто време си свесен дека постои ризик да не се повредиш.

Едноставно, во тој момент му веруваш на сопственото тело и резултатот на крај е исто како да си го искачил најголемиот врв.

Овој спорт навистина е спорт кој не само што помага во зајакнувањето на мускулите, туку и во зајакнувањето на карактерот и трпеливоста.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-10.jpg

Колку твоето тело се промени откако танцуваш на штипка? Се зголеми ли еластичноста? 

Моето тело стана многу поеластично, затегнато и дефинирано.

Секако, тоа не се должи само на фитнес тренинзите на шипка, туку и на вежбањето во теретана, внесувањето доволно протеини во текот на денот, многу течности и доволен сон.

Навистина е предизвик целата своја тежина да ја држиш на раце и сето тоа бара многу труд, вежбање и посветеност.

verica-od-strumica-vezhba-fitnes-na-shipka-ima-negativni-komentari-deka-e-striptiz-i-kje-mozhe-da-zarabotuvam-ako-ne-uspeam-vo-karierata-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Голманот Костадин Захов за родната Струмица: „Со семејството најмногу сакам да одам на околните водо... „Вредна да се посети црквата Св. Илија која се наоѓа на неколку километри од Стр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg