Успешни Македонци низ светот: Д-р Ана Кацарска е гинеколог – акушер во Дубаи

Успеавте ли да се привикнете лесно на високите температури?

Климата во Дубаи мене лично многу ми одговара. Во летните месеци е топло, но е пријатно за живеење и функционирање. Митот дека во Дубаи е премногу топло и дека не се живее не е точен.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-07_copy.jpg

Што е она што го прави Дубаи посебен?

Во моментот мислам дека Дубаи е град со многу можности за брз развој и прогрес во кариерата, но и самиот град нуди можности за добар квалитет на живот и добар животен стил.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-04.jpg

Дубаи е одлично место за луѓето кои сакаат да имаат „work-life balance“.

Од друга страна е многу добро организиран град со одлична инфраструктура и исклучително безбеден, што го прави погоден за семејства.

Како функционира здравствениот систем во Дубаи?

Здравствениот систем функционира одлично. Се следат најновите протоколи и секоја технологија во здравствениот систем. Достапни се сите најнови медикаменти.

Се обрнува големо внимание на луѓето кои живеат во Дубаи да имаат лесен и брз пристап до сите здравствените услуги. Постои одлична комуникација помеѓу докторите од сите болници.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-06.jpg

Колку често си доаѓате дома? Што ви недостасува најмногу од Македонија?

За жал во Македонија не доаѓам често. Би сакала во иднина да доаѓам почесто, сепак тоа е мојата татковина и навистина многу ми недостига.

Но, професионалните обврски се доста динамични и досега ретко наоѓав можност да дојдам. Секако дека ми фали фамилијата и пријателите кои ги имам дома, иако редовно комуницирам со нив.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-01_copy.jpg

Би останале ли засекогаш во Дубаи?

Дубаи е одличен град за секоја годишна возраст. Многу од луѓето остануваат овде да живеат и по завршувањето на нивната кариера, градот нуди одлични услови за живот за секоја генерација.

Рано е да се донесе одлука за тоа каде се гледам самата себеси во некоја подалечна иднина, иако сега засега би сакала да останам тука.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана Атанасиа од Неготино, шминкерка во Дубаи и Абу Даби: „Арапка ми прати хеликоптер, шминкав и прин... „Професионална шминка Арапките користат секој ден – од шминка за породување до ш...
Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Роки од бендот на Тоше: „Со него не ни требаа проби, без грешка пееше од прва - ќе беше светска ѕвез... „Ми се јави Ристо Вртев од „Архангел“ и ми вели: „Роки, вистина ли загинал Тоше?...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg