„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење и лактација

Дали е можно доење само од една града?

Секако дека е можно. Како што рековме – градите функционираат на систем „колку млеко отстрането – толку млеко ќе се создаде“ (дури и малку повеќе). 

Морам да напоменам дека иако е тоа многу индивидуално и ретки се ситуациите кога би имало предизвици, во ситуации кога од која било причина доењето се одвива од една града убаво е да се има стручна поддршка, додека не се утврди дека е сѐ во ред.

nema-benefit-od-doenjeto-postoi-samo-rizik-od-nedoenje-natasha-c-todosovska-specijalist-za-doenje-i-laktacija-04.jpg

Мајките честопати се плашат како ќе продолжат со доење откако ќе им излезат запчиња на бебињата – кој е вашиот совет?

Не треба да имаме страв. Во принцип бебето не може да нѐ касне кога цица (бидејќи јазичето е над долната вилица).

Касаат непосредно пред да ја пуштат градата, кога веќе се готови со подојот, и најчесто касаат кога се вознемирени, кога им растат заби, некогаш пак и од здодевност, или да привлечат внимание.

Мојот совет би бил да набљудуваме што прави бебето додека цица – ако веќе нема интерес, му е здодевно, или пак забележите тензија во вилиците – прекинете го подојот.

Ако е проблемот растење заби – нудете соодветни играчки. Ако е вознемиреност – смирете го прво бебето, гушнете го, па потоа понудете да цица. Важно е да знаеме и да не реагираме претерано интензивно (иако тоа е спонтана реакција), бидејќи не сакаме бебето да го исплашиме и да создаде аверзија кон цицањето; ниту пак сакаме да го насмееме, затоа што ако вашата реакција му е смешна, ќе сака да ја добие повторно од вас, мислејќи дека е игра.

Пробајте да го смирите, прекинете го на мирен начин подојот и објаснете му на бебето дека не треба така да прави. Ако имате рани, ќе мора да се третираат.

Се покажува дека доколку на бебето дадете да пие млеко од шише (макар и измолзено) ова го отежнува процесот на доењето (влечењето од града е потешко). Кој е вашиот совет?

Во принцип, пиењето од шише и доењето на града се две различни работи за нашето бебе.

Се работи за различна тактилна стимулација, различен начин на цицање, различно фаќање на градата и цуцлата од шишето, различен проток на млекото... биомеханиката на доењето е многу поинаква во споредба со пиењето од шише.

Дохранувањето со шише може да биде проблем за доењето. Секако, не кај сите бебиња. Некои можат да ја препознаат различната сензорна дразба и соодветно на дразбата да се адаптираат. Некои ја препознаваат ама пак преферираат само еден начин.

Сум се сретнала со бебиња кои заради шишето одбивале града, а сум се сретнала со бебиња кои во никој случај не прифаќаа шише, и преферираат строго града. Мојот совет на темата е повторно – едукација.

nema-benefit-od-doenjeto-postoi-samo-rizik-od-nedoenje-natasha-c-todosovska-specijalist-za-doenje-i-laktacija-01.jpg

На мојот подкаст имам една епизода која целосно ја посветив на оваа тема, сѐ со цел да ги спремам семејствата сами да можат да препознаат навреме дали шишето кај нив е проблем, и ако е – дали е материјалот, или пак фатот, или пак протокот...  Согласно на предизвикот, се наоѓа решение за начин на дохранување.

Ако е протокот – тогаш може да продолжиме со шише, само ќе го контролираме протокот. Ако е силиконот, тогаш мора да го смениме начинот на дохранување.

Има многу начини на дохранување кои на нашите семејства им изгледаат неконвенционални, а во светот се одамна прифатени и широко применети (хранење со шприц, со отворена чашка, хранење директно на града со мала сонда...).

Кои фактори најмногу влијаат на намалување на млекото кај мајката?

Нередовно и неефективно празнење на градите. Секојпат кога имаме млеко кое „останува“, тоа сигнализира дека производството е поголемо од побарувачката, и дека треба да се намали.

Нашето тело има таков механизам за регулација на лактацијата, сѐ со цел да се заштити од потенцијален здравствен проблем (на пример маститис).

nema-benefit-od-doenjeto-postoi-samo-rizik-od-nedoenje-natasha-c-todosovska-specijalist-za-doenje-i-laktacija-02.jpg

Често мајките не знаат дека самите ја намалуваат лактацијата со некои постапки, пример со чекање да се наполнат градите, или пак со доење од една града од подој (а, бебето пример плус добива дохрана).

Најголемиот предизвик за лактацијата е нередовното празнење на градите веднаш по породувањето.

Како најлесно да се одбие детето од доење?

Најлесно е ако го оставиме самото да си каже кога сака да престане со доење (т.н. природно одбивање од доење). Но, ако ние сакаме да престанеме (што е секако во ред) мора да се едуцираме како да сме максимално перцептивни спрема потребите на нашето детенце и како да реагираме за да ги задоволиме на друг начин, а не со доење.

Согласно возраста, најчесто зборуваме за детенце кое има повеќе од една годинка, а тука кога велам потреби, подразбирам емотивни потреби. Нема еден единствен протокол, или пак „Х чекори за најлесно одбивање од доење“.

Сѐ ќе зависи од точката во која се наоѓате вие и вашето детенце. И затоа индивидуалниот пристап е најважен во овој момент.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

E. П. | Црнобело / фото: приватна архива; freepik.com



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg