Амела од Скопје e мајка на две деца со попреченост: „Леон имаше најтежок степен на аутизам, а сега е дете со натпросечна интелигенција“

„Леон не знаеше да познае кој му е мајка, кој татко, гледаше во точка, не зборуваше. Со посветена работа, многу љубов и трпение, денес стигнавме до состојба на Аспергер и натпросечна интелигенција. Најсреќен и најсмирен е кога посетуваме цркви и манастири“ - раскажува Амела за CRNOBELO.com, посветена мајка на две дечиња и вистинска жена борец.

amela-od-skopje-e-majka-na-dve-deca-so-poprechenost-leon-beshe-dijagnosticiran-so-najtezhok-stepen-na-autizam-a-sega-e-dete-so-natprosechna-inteligencija-01_1.jpg

Амела Мемиш Апостоловска (37) е мајка на две деца со посебна попреченост во развојот - Андреа (13) и Леон (10). Таа е дипломиран педагошки едукатор, на насока психологија. Во фокусот на нејзините истражувања и специјализации е и аутизмот.

„Мојата професионална определба се случи од самото раѓање на ќерка ми која се роди со 'club foot' - деформитет на стапало кој беше несоодветно третиран на 15 дена од нејзиното раѓање, со промашени операции на тетивата.

На нејзини 3 години се здоби со 'subcuten emfizem' (трајно проширување на дишните патишта и оштетување на белодробно крило) предизвикан од 'parapertusis' (сузбивање на вирус со примена вакцина за голема кашлица) со што беше во индуцирана кома и дополнително доби астма.

Син ми е дете со дијагностициран Аутистичен синдром кој зема поголема стапка на присутност во нашата држава и беше веќе дополнителна сила која ми ја донесе да се фокусирам и доедуцирам во областа на психологијата“.

amela-od-skopje-e-majka-na-dve-deca-so-poprechenost-leon-beshe-dijagnosticiran-so-najtezhok-stepen-na-autizam-a-sega-e-dete-so-natprosechna-inteligencija-003.jpg

Кога му беше дијагностициран аутизам на Леон? Дали во текот на бременоста или по породувањето? Имавте ли некој проблем во текот на бременоста?

Аутизмот не беше дијагностициран веднаш, Леон се роди по природен пат без никакви проблеми, воедно и текот на бременоста си беше уреден. Кај него беше дијагностициран на негова 1 и пол година.

Мојот мајчински инстинкт не дозволи да чекам да добијам дијагноза, туку при самото откривање самостојно ги презедов работите во свои раце и не ѝ се препуштив на медицината.

amela-od-skopje-e-majka-na-dve-deca-so-poprechenost-leon-beshe-dijagnosticiran-so-najtezhok-stepen-na-autizam-a-sega-e-dete-so-natprosechna-inteligencija-09.jpg

Како забележавте дека нешто не е во ред, како изгледаше целиот процес на стигнување до вистинската дијагноза?

На негови 10 месеци јас веќе знаев дека дека нешто не е во ред и дека постои сомнеж за задоцнет развој, тој немаше контакт со очи, не се одзиваше на име, додека на звук реагираше.

Невробиолошката активност во телото овозможува мозокот да организира стимули на информации, кои нервниот систем ги преработува во секој момент и мозокот може да ги употреби за движење, учење и однесување - кај Леон, сето ова беше неконтролирано или сосема „исклучено“.

Имаше изразено нарушување во сензорната интеграција, во аудитивната перцепција, во визуелната перцепција, тактилната перцепција, вестибуларната, оралносензорната перцепција итн.

amela-od-skopje-e-majka-na-dve-deca-so-poprechenost-leon-beshe-dijagnosticiran-so-najtezhok-stepen-na-autizam-a-sega-e-dete-so-natprosechna-inteligencija-04.jpg

Каква беше вашата реакција, кои беа првите мисли кои ви поминаа низ глава?

Мојата реакција беше сосема во ред, ја прифатив неговата состојба и не си дозволив да се навраќам назад и да барам од каде е проблемот произлезен, туку одлучив да дадам сè од себе и да работам со него сè додека не дојдовме до степенот на Аспергер, и секако дека секојдневно е потребна работа, но тоа го правам со љубов.

amela-od-skopje-e-majka-na-dve-deca-so-poprechenost-leon-beshe-dijagnosticiran-so-najtezhok-stepen-na-autizam-a-sega-e-dete-so-natprosechna-inteligencija-02.jpg

Какво дете е Леон?

Треба да го запознаете навистина, одлично дете е, полно со љубов, позитивни емоции, чувствителен, дисциплиниран, сака долги разговори, другарување со деца и со возрасни, љубопитен е...

amela-od-skopje-e-majka-na-dve-deca-so-poprechenost-leon-beshe-dijagnosticiran-so-najtezhok-stepen-na-autizam-a-sega-e-dete-so-natprosechna-inteligencija-10.jpg

Каде оди на училиште, како е прифатен од другарчињата и околината? Дали сте имале некакви проблеми од овој аспект? Колку околината има разбирање за децата со аутизам кај нас?

Леон си оди во редовно училиште, О.У. „Рајко Жинзифов“ во населба Драчево и си посетува редовна настава, одлично го совладува материјалот како и неговите соученици.

Од неговите другарчиња во училиштето тој е прифатен и повеќе од моето очекување, го сакаат како нивно братче и сето тоа благодарение на наставничката Виолета Николин и целиот училиштен кадар, вклучувајќи го и дефектологот на училиштето Андријана Кукоска.

Околината кај нас навистина нема доволна едукација за самиот поим „аутизам“, а за децата со аутизам веќе и да не зборувам, со респектабилен исклучок на некои индивидуи.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg