Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што правам“

Секоја година на годишнината од смртта на татко ти раскажуваш по некоја емотивна приказна врзана за него или откриваш колку ти е тешко… Се намалува ли болката низ годините? 

Само станува потешко со годините.

Иако велат дека времето лечи сè, сепак таа рана да изгубиш родител или, не дај Боже, дете, е рана која не заздравува никогаш, колку и да ја лечиш и се тешиш дека можеш да живееш нормално.

Залудно е.

elena-risteska-za-crnobelo-09.jpg

Но, секоја приказна од тоа време ми буди носталгија и тага. Жалам по тоа време на среќа, безгрижност и радост.

Сè би дала да го вратам времето назад, како што напишав во текстот „Ех, да можам да го вратам времето“.

Да можам да го вратам времето би уживала повеќе во тие моменти на среќа, би ги ценела повеќе моментите во семејна хармонија.

Не би можела да споделам само еден момент кога со родители како моите секој ден бил посебен и совршен.

Семејните прослави биле секогаш најубави и сè уште ги паметам.

elena-risteska-za-crnobelo-21.jpg

Би одела ли пак на Евровизија, бидејќи и самата знаеш дека евровизиските фанови те бараат?

Би одела, но само ако имам добра песна. Добрата песна е предуслов за учество на тој фестивал.

Фановите заслужуваат и тоа како да ме видат на Евросонг и да навиваат како тогаш во 2006 година.

Но, сепак, како е пишано така ќе биде.

elena-risteska-za-crnobelo-49.jpg

Се дружиш ли приватно со некои од луѓето од естрадата? Како изгледаат тие ваши средби?

Да бидам искрена во последно време се дружам најмногу со Каролина, а со сите други се почитувам и сакам.

Ние сме доста слични, исти хороскопски знаци со еден ден разлика, јас 27-ми април, таа 28-ми.

Па, поради таа сличност и најмногу се дружиме.

elena-risteska-za-crnobelo.jpg

Како ја одржуваш линијата?

Вежбам кога имам време. Тенис и планинарење најмногу. Но, не сум преоптоварена со тоа.

А би сакала да сум повеќе посветена на спортување, како што бев порано.

Ми недостасува тој период од животот.

elena-risteska-za-crnobelo-03.jpg

Дали си гурман? Кои ти се омилени јадења? А дали готвиш?

Јас сум голем гурман. Не можам да се справам со таа желба за добра храна, непоправлив хедонист сум.

Обожавам готвење и многу сакам да експериментирам во готвењето.

elena-risteska-za-crnobelo-28.jpg

Имаш свој бренд ЕРА. Колку е успешен? Колку си ти среќна со сè што постигна на полето на бизнисот? Дали планираш да го прошируваш?

Фала му на Господ одлично оди со ЕРА козметика. Особено откако се прошири приказната и не се сведува само на онлајн продажба, туку може да се купи и во неколку парфимерии, продажбата е подобрена.

Секако, голем напредок имаше и откако почнав да работам со некои салони за убавина низ Македонија.

Но, се работи за нова фирма и допрва треба да се докаже квалитетот на производите кои се изработени со многу љубов и квалитетни состојки.

Следно е проширување на ЕРА козметика на Балканот, веќе сум во преговори и има заинтересираност од Босна и Херцеговина.

Но, ќе бидам искрена како и во музиката така и за македонските брендови, нашиот народ не знае да цени квалитет.

Сè што доаѓа однадвор според нив е подобро, секако тоа е предрасуда.

elena-risteska-za-crnobelo-10.jpg

И како за крај, дали си среќна, исполнета и заљубена? Ти го освоил ли некој  срцето?

Без љубов човек е ништожен и сметам дека движечка сила во животот е љубовта.

Како бесцелно да постоиме ако не постоиме за да ја доживееме љубовта.

Само човек треба да има и среќа да ја најде вистинската љубов и да ја доживее.

Фала му на Бог мислам дека имам среќа.

elena-risteska-za-crnobelo-36.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg