Ања Босилкова-Антовска: „Првиот симптом на Вилсоновата болест ми се појави на 20 години, најстресно ми беше во бременоста“

Колку поддршката од најблиските ти помага?

Искрено, не знам дали има нешто поважно од поддршката на најблиските кога поминуваш тежок период.

Знам дека првата година, особено месеците поминати трагајќи по дијагноза од клиника на клиника, беа пекол за сите, но сега кога се сеќавам на тој период, љубовта, поддршката и силата што ја добивав од нив е тоа што највеќе го памтам.

anja-bosilkova-antovska-prviot-simptom-na-vilsonovata-bolest-mi-se-pojavi-na-20-godini-najstresno-mi-beshe-vo-bremenosta-25.jpg

Моите правеа сè за да ми помогнат, а дечко ми (сега сопруг) успеваше секогаш да ми го врати расположението.

Се обидував честите посети во болница да не ми попречат, ниту во студиите, ниту во дружбите – спремав испити кога примав терапија, бев опкружена со драги луѓе. Никој не дозволи духот да ми падне, дури ни докторите и сестрите околу мене, па колку и да звучи чудно, тој период ми е некако во убаво сеќавање.

Секогаш ме потсеќа на тоа колку сум силна и можам да се соочам и изборам со сè, имајќи ги моите најсакани до мене.

anja-bosilkova-antovska-prviot-simptom-na-vilsonovata-bolest-mi-se-pojavi-na-20-godini-najstresno-mi-beshe-vo-bremenosta-29.jpg

Колку често ти се случуваат проблеми поради состојбата? Влијаат ли стресните настани на појава на каков било начин на состојбата?

Стресот не е добар ни за најздравите луѓе, а за ретките и хронично болните, уште помалку.

За среќа, не сум се соочила со никакви позначајни проблеми поради Вилсоновата болест откако ги „решив“ првичните симптоми и преминав на „одржување“ со редовна терапија и контроли.

Тоа е позитивната страна со Вилсон – ако се открие на време и терапијата е редовна и ефикасна, навистина можеш да имаш добар квалитет на живот.

anja-bosilkova-antovska-prviot-simptom-na-vilsonovata-bolest-mi-se-pojavi-na-20-godini-najstresno-mi-beshe-vo-bremenosta-24.jpg

Каков е третманот? Се доаѓа ли лесно до лекарства?

Лековите за Вилсон се релативно достапни кога ќе видиш дека терапија за одредени ретки болести може да чини меѓу стотици и десетици илјади евра месечно.

Од друга страна, тоа не значи дека секој може да си ги дозволи, и е страшно поразително кога знаеш дека нечија состојба се влошила само зашто лекот е скап или недостапен.

anja-bosilkova-antovska-prviot-simptom-na-vilsonovata-bolest-mi-se-pojavi-na-20-godini-najstresno-mi-beshe-vo-bremenosta-11.jpg

Кога ја добив дијагнозата во 2010 година, лекови во Македонија немаше и со години ги шверцувавме од странство. Само моите знаат низ кои стресови поминуваа секојпат кога ги нарачувавме.

Веќе во 2016-та работите во државава почнаа да се менуваат на подобро кога станува збор за ретките болести. Се направи Регистарот за пациенти со ретки болести и многу пациенти почнаа да се лечат бесплатно преку Програмата за ретки на Министерството за здравство.

Ова се лекови за кои нема економска исплатливост да се регистрираат како би биле достапни во аптеките/преку фондот, па останува да се надеваме дека оваа Програма ќе продолжи во континуитет, со буџет соодветен на потребите на пациентите со ретки болести во државата, и со ефикасна имплементација што подразбира навремена набавка и дистрибуција на лековите.

anja-bosilkova-antovska-prviot-simptom-na-vilsonovata-bolest-mi-se-pojavi-na-20-godini-najstresno-mi-beshe-vo-bremenosta-09.jpg

Колку сметаш дека говорењето на темата јавно помага?

Говорењето за ретките болести во медиумите помага за две многу важни работи.

Првата е зголемување на свесноста на пошироката популација за присутноста и предизвиците со кои пациентите со ретки болести се соочуваат, а со тоа и зголемено разбирање, емпатија и прифаќање на овие лица во општеството.

anja-bosilkova-antovska-prviot-simptom-na-vilsonovata-bolest-mi-se-pojavi-na-20-godini-najstresno-mi-beshe-vo-bremenosta-14.jpg

Втората се надополнува со тоа што колку е поголема оваа свесност и колку е погласна поддршката што луѓето ни ја даваат, толку е поголем и притисокот кон институциите и донесувачите на одлуки да нè слушнат кога реагираме за одредени проблеми и да преземат мерки со кои би се решиле истите.

Само со помасовна поддршка од јавноста нашиот глас може да допре таму каде што треба.

anja-bosilkova-antovska-prviot-simptom-na-vilsonovata-bolest-mi-se-pojavi-na-20-godini-najstresno-mi-beshe-vo-bremenosta-12.jpg

Каква е ситуацијата кај нас, колку во Македонија уште е табу тема да се говори за ова?

Се радувам дека сè повеќе се зборува на темата. Кога ќе споредам со периодот околу мојата дијагноза, кога терминот ретка болест ми беше толку далечен, ми се чини дека сега темата е поприсутна во медиумите и јавната сфера.

Но, тоа не значи дека не е табу тема сè уште. Знаеме многу случаи на фамилии кои ги кријат своите деца дома, плашејќи се од реакциите на околината.

anja-bosilkova-antovska-prviot-simptom-na-vilsonovata-bolest-mi-se-pojavi-na-20-godini-najstresno-mi-beshe-vo-bremenosta-28.jpg

Знаеме многу пациенти кои од истата причина не сакаат да споделат дека имаат некаква дијагноза која ги прави различни.

Со тоа што јавно говориме на темава, се надевам дека полека-полека ослободуваме што повеќе лица со ретка болест отворено да зборуваат за својата состојба и си го најдат своето место во општеството, без да се чувствуваат како товар или изолирани од другите.

anja-bosilkova-antovska-prviot-simptom-na-vilsonovata-bolest-mi-se-pojavi-na-20-godini-najstresno-mi-beshe-vo-bremenosta-19.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ангела од Охрид е докторка со страст за животот - свири клавир, вежба и обожава патувања (фото) „И покрај тоа што потекнувам од докторска фамилија, мајка специјалист педијатар ...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg