Вики Чадиковска за стилот и убавината: „Се будам во 5 часот со цеден лимон и вода, се откажав од слатките поради менопаузата“

Нега на лицето

„Пред скоро 16 години негата ја доверив на еден козметички салон во Скопје. Нивните инструкции ги следам внимателно.

Еднаш неделно правам третман на лицето, бидејќи тоа е важно, особено со годините. Наутро внимавам добро да ја хидрирам кожата и да ја заштитам од зраците на сонцето, а навечер, откако ќе ја исчистам шминката, користам масло за масажа на лицето, серуми со витамин Ц и ретинол.

viki-chadikovska-za-stilot-i-ubavinata-se-budam-vo-5-chasot-so-ceden-limon-i-voda-se-otkazhav-od-slatkite-poradi-menopauzata-03.jpg

Скоро секој втор ден си подготвувам домашна маска од алое и мед, од банана, краставица или нешто слично. Она што ни годи како храна, убаво ѝ прилега и на нашата кожа.

Инспирација за овие комбинации ми е мојата другарка Сузе која е вистински гуру за комбинирање продукти кои можат да се искористат за нега на кожата“.

viki-chadikovska-ni-gi-otkri-tajnite-na-stilot-kupuvam-obleka-od-makedonski-dizajneri-morav-da-se-otkazham-od-omilenite-slatki-12.jpg

Начин на исхрана

„До скоро немав проблем со тежината, па затоа и можев да си дозволам да уживам во секоја храна.

Но, со влегувањето во менопауза, мојот метаболизам се смени, па, затоа и внимавам на исхраната. Скоро две години внимателно ги следам советите на нутриционистката Емилија, особено поради моето здравје.

Направив редукција на храната која содржи шеќер, посебно што имам и генетски предиспозиции за дијабет.

Со тешко срце ги оставив десертите (особено сладоледот), питите и кифличките. Ги заменив со некоја здрава опција.

viki-chadikovska-za-stilot-i-ubavinata-se-budam-vo-5-chasot-so-ceden-limon-i-voda-se-otkazhav-od-slatkite-poradi-menopauzata-02.jpg

Избирам храна која не е претешка за мојот желудник, па така комбинирам најразлични видови салати, риба, пилешко.

Многу ја сакам кинеската кујна, па и често може да се најде на нашето домашно мени. Обожувам леќа и супи, тие се присутни скоро секој втор ден.

Инаку готвам скоро секојдневно - и затоа што сум гурман, но и затоа што сметам дека домашната кујна е најздрава“.

viki-chadikovska-ni-gi-otkri-tajnite-na-stilot-kupuvam-obleka-od-makedonski-dizajneri-morav-da-se-otkazham-od-omilenite-slatki-08.jpg

Спортски активности и фитнес

„Пешачам скоро секојдневно. На лето, пливањето ми е рутина во која буквално уживам.

Од есен, покрај пешачењето и возење велосипед, вежбам дополнително со мали тегчиња одредени фитнес вежби.

Станувам рано наутро во 5 часот, пијам топла вода со цеден лимон и мед и почнувам со вежбите. Тоа е најдобар начин за будење на моето тело.

Во последниов период силно се заинтересирав за јога, па ми се чини дека тоа ќе ја дополни мојата дневна рутина во скоро време.“

viki-chadikovska-ni-gi-otkri-tajnite-na-stilot-kupuvam-obleka-od-makedonski-dizajneri-morav-da-se-otkazham-od-omilenite-slatki-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg