Планинарскиот готвач Џоко Ризов: „Од татко ми научив кои се отровни печурки, откажувам обврски за да се качам на Кожуф“

Од твоите фотографии можам да забележам дека користиш печурки и дарови од природата. Колку ги познаваш печурките и како се стекна со тоа знаење, кои плодови се добри за јадење?

Како што спомнав и претходно, тоа е заслуга на татко ми кој ме научи да ги распознавам отровните печурки од оние кои човекот може да ги користи.

За наша среќа, Кожуф изобилува со многу печурки од кои ќе ги издвојам вргањ, лисичарка, калинкова и срндачка. И да напоменам дека ова се автентични имиња, кои ние тука локално ги користиме.

planinarskiot-gotvac-dzoko-rizov-volshevniot-kamen-od-kozuf-go-koristam-kako-plotna-04.jpg

Кое ти е омиленото јадење кое го имаш подготвено на планина?

И тоа е некако неодговорливo, не би можел да издвојам затоа што секое следно мислам дека е најдоброто сè додека не се случи следното.

Дали често кампуваш на Кожуф?

Да, само што се вратив од кампување.

И секое планинарење е приказна сама за себе, тоа е адреналин кој не се опишува.

View this post on Instagram

A post shared by Dzoko Rizov (@dzokorizovv)

Иако досега е хоби и пасија, дали гледаш можности за бизнис со готвењето во природа и планинарење? Можеби кулинарска емисија, директно од планинските врвови?

Сè ова досега е само хоби, пасија, страст која ме навраќа повторно и повторно.

Засега останува само ова, во иднина ќе видиме.

Дали е ризично да се преноќи на планина?

Секогаш постои опасност.

Зарем и одењето до работа и училиште денес е безбедно?! Можеби и неизвесноста и неудобноста се причина плус да се избегне од секојдневната монотонија.

planinarskiot-gotvac-dzoko-rizov-volshevniot-kamen-od-kozuf-go-koristam-kako-plotna-03_copy.jpg

Колку Македонците сакаат да планинарат и ги почитуваат планините?

Сепак сме планинска земја, има голема посетеност последниве години. А, кога односот кон планината би бил таков каков што е од планинарите кон сите други субјекти, тогаш слободно би можел да кажам дека односот е коректен.

Кој е највисокиот врв кој го имаш искачено?

Арарат 5137m. Но, за неколку дена ме чека предизвик кој нема да ви го откријам, а е повисок од претходниот.

planinarskiot-gotvac-dzoko-rizov-volshevniot-kamen-od-kozuf-go-koristam-kako-plotna-11_copy.jpg

Покрај на планина, дали готвиш и по дома?

Од себеси не се бега. 

planinarskiot-gotvac-dzoko-rizov-volshevniot-kamen-od-kozuf-go-koristam-kako-plotna-12.jpg

Повеќе фотографии од Џоко и неговите кулинарски деликатеси на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg