Планинарскиот готвач Џоко Ризов: „Од татко ми научив кои се отровни печурки, откажувам обврски за да се качам на Кожуф“

Секое слободно време 30-годишниот Џоко Ризов, кој работи како келнер во хотел казино во Гевгелија, го користи за планинарење и готвење на планина. А таму наместо шпорет како плотна за неговите специјалитети го користи волшебниот камен од Кожуф, па подготвува од едноставни пржени лепчиња и вкусна паста, до скара и стек, често гарнирани со некој од даровите на природата, како шумските печурки.

planinarskiot-gotvac-dzoko-rizov-volshevniot-kamen-od-kozuf-go-koristam-kako-plotna-01.jpg

На младиот гевгеличанец, Џоко Ризов, планината Кожуф му е втор дом и омилено место, за планинарење и за готвење, а неговиот профил на Инстаграм е рај за очи кој дефинитвно ќе го разбуди апетитот. 

Неговата плотна е каменот, кујната му е секое катче од Кожуф, а тајниот зачин за неговите кулинарски мајстории е љубовта кон планината и природата.

Секое слободно време 30-годишниот Џоко, кој работи како келнер во хотел казино во Гевгелија, го користи за планинарење и готвење на планината. Наместо шпорет го користи волшебниот камен од Кожуф како плотна за неговите специјалитети - од едноставни пржени лепчиња и вкусна паста до скара и стек, често сервирани и гарнирани со некој од даровите на природата, како шумските печурки.

planinarskiot-gotvac-dzoko-rizov-volshevniot-kamen-od-kozuf-go-koristam-kako-plotna-02.jpg

За CRNOBELO.com авантуристот Џоко, открива дека љубовта кон планината ја наследил од својот татко, кој од мал го носел на пикник на планината, каде што собирале шумски плодови. Токму од него Џоко научил за сите дарови и вкусови од Кожуф кои му се инспирација за готвење.

Тој успешно ги споил неговите две пасии, планинарење и готвење, а резултатот е навистина волшебен. Џоко вели дека секој слободен момент го користи за бегство на омилената планина, а некогаш откажува и задолжителни обврски. Како што додава, понекогаш му се тешки техничките потреби, но кога се работи со љубов, тогаш сè е возможно.

На твојот профил на Инстаграм објавуваш прекрасни фотографии од вкусни оброци кои ги подготвуваш на планина. Од каде се роди идејата да готвиш во природа?

Сè почна некако спонтано, можеби најзаслужно беше повеќедневното кампувањето на Кожуф и потребата од храна и вода си го направи своето. На почетокот беше само забава, но сите големи откритија се, нели, случајни.

View this post on Instagram

A post shared by Dzoko Rizov (@dzokorizovv)

Колку често планинариш и кое е твоето омилено место?

Секое слободно време, и најчесто избегнувам и задолжителни обврски. Само од себе ова ми се претвори во начин на живот. И без размислување ќе кажам омилено место ми е Кожуф!

planinarskiot-gotvac-dzoko-rizov-volshevniot-kamen-od-kozuf-go-koristam-kako-plotna-08.jpg

Од каде се роди љубовта за планинарење, а од кого го наследи талентот за готвење?

Ова некако ми е тешко да го одговорам. Беше како љубов на прв поглед, инстинкт кој го разбуди татко ми носејќи ме од најмали нозе на пикник и собирање шумски плодови.

Во однос на готвењето своја заслуга си има и работата која ја работам во хотел казино во Гевгелија и врвните, и крајно професионални, готвачи кои ги гледав и гледам секојдневно, и некако ми беа подобри од сите кулинарски емисии кои во изминатиот период беа доста актуелни.

Сигурно ти претставува големо задоволство, но, колку е тешко да се готви на планина?

И најтешкото нешто на светов, ако го правиш од срце, си доаѓа само по себе без да почувствуваш воопшто тешкотија.

Но, сепак има некои технички потреби кои повеќе ми одземаат време отколку што ми претставуваат тежина. Ќе повторам: сè што правиш од љубов е лесно.

Што е неопходно да се понесе за да може да се приготви еден оброк во природа?

Тоа најчесто зависи од она што ќе изберам да зготвам.

Секогаш задолжителен е волшебниот камен од Кожуф кој го користам како плотна.

Како се подготвуваш за една планинарска авантура?

Воопшто не се подготвувам, само го чекам слободното време, тогаш сум само јас и ништо повеќе.

Кожуф е твојот втор дом, колку добро ја познаваш планината?

Па мислам дека нема место на кое не сум бил на Кожуф, во секакви временски услови и досега не сум имал никакви проблеми.

Дали магла, дали дожд или снег, јас секогаш одам по патот свој.

planinarskiot-gotvac-dzoko-rizov-volshevniot-kamen-od-kozuf-go-koristam-kako-plotna-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg