Маријан Стојаноски за татковството: „Моите деца се мојот живот, правам за нив сѐ што прави и сопругата“
- Детали
- сабота, 02 септември 2023
„Паметам, кога ми се родија ќерката и синот, низ солзи радосници ги барав најубавите зборови за да му се заблагодарам на Бога за најубавите дарови на овој свет“, вели Маријан Стојаноски за татковството. Тој наскоро го очекува третото дете.
Пејачот Маријан Стојаноски и неговата сопруга Наташа се горди родители на ќерката Вероника (3) и синот Петар (2). Маријан за нив вели дека се прекрасни деца, кои се сакаат и не можат едно без друго.
Но, парот наскоро го очекува и своето трето дете, бидејќи Наташа е во 8-иот месец од бременоста.
Пејачот за CRNOBELO.com вели дека не го знаат полот на бебето, но со нетрпение чекаат тоа да се роди.
Тој ни ја раскажа својата приказна за татковството:
„Од што беше толку огромна еуфорија кога ми се родија децата, денес се сеќавам само на некои мали слики.
Но, паметам дека низ солзи радосници во тие моменти ги барав најубавите зборови за да му се заблагодарам на Бога за најубавите дарови на овој свет.
За сè што е поврзано со Вероника и Петар нема никаква буквално никаква разлика помеѓу мојата сопруга и мене.
Јас Наташа премногу ја ценам, почитувам и љубам.
И иако во целост сме посветени на нашите дечиња, секогаш денот ни е прекраток за времето што го поминуваме со нив.
Јас буквално целото мое време го посветувам целосно на моите деца, тие се мојот живот.
Иако третото дете е на пат, воопшто не ни е тешко.
Не знам зошто би ни било тешко бидејќи децата се најголемата радост и дар од Господа на овој свет.
Вероника и Петар премногу се сакаат и буквално не можат еден без друг.
Не дека ние сме како родители многу добри во нашето воспитување, но можеби затоа што ја гледаат нашата љубов, па по автоматизам таа се пренесува и меѓу нив.
Сепак, тие се сè уште мали за да имаат посебна реакција на фактот што наскоро ќе ни се роди уште едно дете, но цело време го бакнуваат мешето на мама.