Kлара од Австралија е битолска снаа: „Ракијата не е за мене - ме гори, но знам да правам совршена сарма“
Како те прифатија роднините/пријателите на саканиот? Како се разбиравте кога не го знаеше јазикот?
Бев навистина добредојдена кога првпат пристигнав во Битола, беше толку лесно да се приспособам и да се сложувам со луѓето, мнозинството луѓе зборуваат англиски, така што многу добро се разбиравме.
Исто така, поседувам капацитет да се адаптирам на која било средина и култура со која се среќавам и ги прифаќам живописните услови за живот, што го прават секој регион од светот карактеристичен. Јас сум како камелеон.
Колку навиките на Македонците се поинакви од навиките на Австралијците?
Пораснав во домаќинство од Блискиот Исток, така што моето воспитување навистина не беше како на типичните Австралијци.
Mајка ѝ и дедо ѝ на Клара во Либан во 1970 година
Можам да кажам дека Австралијците сакаат фудбал, пиво, сурфање и скара.
Би можела ли да се замислиш некогаш повторно да живееш во Австралија?
Да, секако дека можам, Австралија е прекрасна земја и имам прекрасни спомени оттаму.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело