Марија од Кичево живее во Романија: „Животот е поразличен кога имаш море на 10 минути оддалеченост“

Лесно ли се стекнуваат пријатели во Романија? Какви се Романците како народ?

О, да! Тие се доста „гостопримлив народ“. За оваа тема би рекла дека зависи од секој индивидуално и од неговата енергија.

Романците имаат една изрека: „Ако ти е срам, ќе си останеш гладен“.

Така што јас лично, сум благодарна за кругот на релации и пријатели што ги изградив овде. Моето мото отсекогаш било тоа да присуствувам на маса со луѓе кои направиле ДЕЛА, а не само ЗБОРОВИ, до луѓе коишто можам да се запознаам јас, себе си како личност. Можам да кажам само дека кога ќе погледнам назад, само се насмевнувам и си велам: ’не би променила ниту еден чекор‘.

Според мене, тие се доста опуштен народ во секоја гледна точка. Си го живеат животот!

Јас неодамна започнав свој бизнис со „Уметност на даска“ – соработував со една од поубавите плажи во оваа зона и изработував даски со најразлични видови италијански сирења донесени директно од Италија.

Откако поминав едно лето на плажа, беше магично да гледам колку Романците уживаат и се ценат себеси. По работа, на зајдисонце уживаат во една добра даска и Просеко. Многупати си велев: ’зошто ние Македонците не го практикуваме ова?‘

marija-od-kichevo-so-godini-zhivee-vo-romanija-zhivotot-e-porazlichen-koga-imash-more-na-10-minuti-oddalechenost-11.jpg

Со оглед на тоа што работиш со деца, можеш ли да ни кажеш какви родители се Романците? Постои ли нешто што тие го прават и им е најнормално, а тебе те изненадило?

Сега морам да се надоврзам на претходното прашање. Романците се доста „либерални“ во поглед на едукација на децата, но исто така, доста „жедни“ за информација.

Можам да кажам дека скоро секое дете има најмалку 5 активности во својот распоред, што искрено би размислила дали тоа би го посакала за своето дете… Се согласувам со активностите кои се дел од една определена насока.

Имам ученичка на мојата индивидуална настава која на своја 5-годишна возраст неделно има 7 активности, од кои некои ги посетува 2 или 3 пати неделно: балет, пијано, гимнастика, театар, пливање, ликовна уметност, Соробан (јапонска математика), јавање коњ, се дел од нејзините активности. Секоја чест!

marija-od-kichevo-so-godini-zhivee-vo-romanija-zhivotot-e-porazlichen-koga-imash-more-na-10-minuti-oddalechenost-04.jpg

Интересно е тоа што дел од децата се толку многу одговорни и работат на себеси од најмала возраст што би било жалосно да не се изгради на начин на кој заслужува, но. Каде е нивното детство?

Се восхитувам на нивната одговорност и желба за знаење која ја имаат иако се деца, но сепак стојам зад своите зборови дека едно дете треба да го проживее и детството, она кое го имавме ние во нашата Македонија.

Постои ли нешто што ти пречи во животот таму? Што е тоа?

Поврзано со мојата професија, ми пречи тоа што многу од младите забораваат за важноста на едукацијата, а со тоа и нивото на култура си ја губи вредноста. Концертните сали не се доволно испочитувани, но за жал овој вид „проблем“ не е само во Романија.

За еден музичар е доста комплицирано да се соочи со сите овие новитети кои ни ја губат смислата за квалитетна музика.

Тешко ми е да зборувам за тоа што ми пречи во оваа држава, со оглед на тоа колку многу ми пружи и овозможи.

marija-od-kichevo-so-godini-zhivee-vo-romanija-zhivotot-e-porazlichen-koga-imash-more-na-10-minuti-oddalechenost-20.jpg

Што би им препорачала на сите оние што планираат да отпатуваат и да ја посетат Романија?

Доста деликатно прашање кога станува збор за Романија. Оваа држава е многу поголема отколку што изгледа. Во секој случај треба да сте спремни да се воодушевите од убавините на природата и богатствата полни со историја.

Според мене, можноста за посета на море и планини на толку мала дистанца кажува сè.

Овде има рај буквално за секоја душа, зависи од индивидуалните желби и очекувања на секој посетител.

Јас лично, место на кое не можев да останам рамнодушна е замокот „Пелеш“ во едно мало планинско гратче Синаја, но како место за живеење во Романија, не би ја заменила Констанца и морето, уште од првиот ден кога стигнав.

marija-od-kichevo-so-godini-zhivee-vo-romanija-zhivotot-e-porazlichen-koga-imash-more-na-10-minuti-oddalechenost-05.jpg

Дефинитивно животот е доста поразличен кога се будиш и имаш плажа и море на 10 минути оддалеченост.

Романија е земја со доста многу значајни места. Сите ние знаеме за Дворецот на Дракула или Влад Цепеш, кој се наоѓа токму во Романија, во едно мало место Бран, каде што можеш да уживаш во убавините на богатата природа и планинско место, полно со традиции и приказни кои се трудат да ти го доловат секој можен момент од животот тогаш.

Потоа во близина се наоѓа замокот „Пелеш“ во градот Синаја, кој нема да ве остави рамнодушни.

Познатиот Парламент во Букурешт, кој е избран како трета најголема градба во светот, 84 метри височина и 92 метри под земја и уште многу други места што вреди да се посетат!

marija-od-kichevo-so-godini-zhivee-vo-romanija-zhivotot-e-porazlichen-koga-imash-more-na-10-minuti-oddalechenost-15.jpg

Што треба да знаеме пред да помислиме да дојдеме таму?

Пред сè, да очекувате да се чувствувате како дома. Културата, храната, народот, дружењето па дури и кафеаните се нешто што секогаш ќе ве потсетуваат на „дома“ и нема никогаш да дозволат да се осетите како странец со оглед на тоа што и Романија е со словенско влијание.

За тука не е чудно во ист час да забележиш еден од најскапите и најнови модели на автомобил и коњ со кочија на неколку метри дистанца.

Би ви препорачала да си одвоите подолг период кога станува збор за посетување на оваа држава, жалосно е да не успеете да ја доловите енергијата и традицијата на повеќе градови.

marija-od-kichevo-so-godini-zhivee-vo-romanija-zhivotot-e-porazlichen-koga-imash-more-na-10-minuti-oddalechenost-21.jpg

Што ти недостасува најмногу од Македонија и си размислувала ли некогаш да се вратиш?

Фамилијата, детството, спомените и пријателите се тие што „будат“ носталгија за Македонија, но морам да бидам брутално искрена и да кажам дека никогаш не би сакала да се навикнам на системот и секојдневието таму.

Тагата и несреќата во очите на луѓето преовладува сè повеќе и повеќе, како што забележувам при последните неколку посети во мојата родна земја.

Посетив голем број држави, но, сè уште не најдов потопли души од кај нас.

Нормално дека не се сите прсти исти на раката, но кога би променила прво нешто во мојата татковина тоа би било ограниченоста на народот и бариерата која ја користат кон новитети и предизвици.

marija-od-kichevo-so-godini-zhivee-vo-romanija-zhivotot-e-porazlichen-koga-imash-more-na-10-minuti-oddalechenost-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Рукси Антиќ од Романија: „Љубовта ме доведе во Македонија, но тука започнав свој бизнис и оваа држав... „Љубовта ме донесе во Македонија. Поточно, мојот сопруг. Работев како стјуардеса...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg