Ирена Голомеиќ - инспиративна, урбана, модна дама на која семејството ѝ е на прво место (фото)
Модниот стил ми варира од спортски до елегантен, во зависност од пригодата.
Скоро како и секоја жена, сакам да купувам облека и чевли, се трудам да следам трендови, но никогаш слепо, бидејќи знам што му одговара на моето тело и дух.
Кога ќе излезе некој нов тренд, веднаш знам дали е нешто што ќе ми се допаѓа и би го носела или едноставно не е мој стил.
Кога станува збор за брендови, не сум врзана за ниту еден посебно. Има неколку што ми се омилени, но купувам парчиња што ми се допаѓаат, а не затоа што се бренд.
Од модни додатоци и аксесоари најмногу сакам часовници, алки и прстени, а парфемите ми се слабост и тоа е една од ретките работи што не подлежи на чести промени.
Шопинг најчесто правам сезонски, а во меѓувреме дополнувам тоа што ми недостасува за одреден аутфит или нешто попатно што ми фатило око.
Немам некое конкретно мото, бидејќи има многу вредности и уверувања кои ги сметам за двигатели на процесот на прогрес, за да можам да ги искажам во една реченица.
Имам неколку фрази кои ми се мотивација и инспирација, но сепак сметам дека нашите секојдневни навики, дела и критериуми според кои живееме всушност најмногу откриваат за нашето движечко мото“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело