Марина од Скопје, 12 години живее во Тајланд: „Се вљубив во Тајланѓанец, сега работам како учителка и имаме 2 деца“
Какви се локалците кога станува збор за пријателствата?
Кога станува збор за пријателство, тие се искрени, лојални и секогаш спремни да ти помогнат.
Можам да забележам тука, како и кај нас во Македонија, кога одиш на гости кај некого, не се оди со празни раце.
Пред да одиме во Тајланд што треба да знаеме?
Пред да дојдете во Тајланд треба да бидете спремни на лута и убава храна, топло и влажно време, соблекување на обувки пред храмови и други места, различни цени од место до место, насмеани и гостопримливи Tајланѓани.
Би се вратила ли да живееш во Македонија некогаш?
Доста често знаеме да си споменеме и направиме некој план за Македонија со Понд, како тој ќе готви таи храна и ќе отвориме таи ресторан, но здравје за понатаму ќе видиме што ќе се случува.
Понд има свој бизнис и мислам дека тешко во блиска иднина да го остави.
Повеќе фотографии од Марина:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело