Марина од Скопје, 12 години живее во Тајланд: „Се вљубив во Тајланѓанец, сега работам како учителка и имаме 2 деца“

Каков е образовниот систем? Дали родителите имаат поопуштен пристап таму? Сподели некои родителски навики…

Образовниот систем е различен во зависност дали станува збор за државна или приватна институција, дали училиштата се од поголеми градови или помали места.

Па, оттука и државата повеќе вложува во поголемите и подобро рангираните училишта, отколку во училиштата во помалите места и села.

Образовниот процес во државните училишта е бесплатен, имаат храна, униформи по симболична цена, активности преку цела година, училишни проекти по секој предмет, волонтерски активности каде се вклучени сите ученици и церемонии каде се покажува почит кон кралското семејство, наставниците и сите празници преку целата година.

marina-od-skopje-12-godini-zhivee-vo-tajland-se-vljubiv-vo-tajlangjanec-sega-rabotam-kako-uchitelka-i-imame-2-deca-32.jpg

Конкретно, ако зборувам за училиштето во кое работам, родителите многу се ангажирани за децата и нивното образование, поради тоа што е приватно училиште и очекувањата се поголеми, што од децата, што од нас наставниците и како најважен дел е респектот или почитта што ни ја даваат децата и родителите, па чувството да се биде наставник e прекрасно.

Не можам да издвојам некоја навика на родителите, но затоа имам една интересна анегдота, кога почнав со работа во првото училиште предавав англиски јазик на поголеми ученици 15-16 години и еден ден на час ми подаваат децата некој лист хартија и на него напишано некој лош збор, со пишано име и презиме на детето и кој клас (Tајланѓаните всушност не знаат да лажат).

Го покажувам листот со напишаното на колешката и ми објаснува дека е лошо, се крена паника, го повикаа ученикот со родителот следниот ден кај директорот во канцеларија, и ученикот и мајката се спуштија на колена се поклонуваат и бараат да им простам.

Некои ситуации и моменти можат да се видат и доживеат само во Тајланд.

marina-od-skopje-12-godini-zhivee-vo-tajland-se-vljubiv-vo-tajlangjanec-sega-rabotam-kako-uchitelka-i-imame-2-deca-20.jpg

Дали твојот сопруг дошол во Македонија? Кои му се впечатоците?

Од март до мај трае летниот распуст во Тајланд и 2018 година, за време на Велигденскиот празник, бевме со Понд и Крис во посета на Македонија.

Освен Скопје, прошетавме до Св. Јован Бигорски каде Крис беше крстен по желба на мојата мајка и мислам дека беше преубаво искуство за Понд.

Покрај тоа беше воодушевен од манастирот и цела таа рачна изработка внатре во него, зашто и самиот тој прави скулптури за будустички храмови.

Го посетивме Маврово кај едни наши драги пријатели, со целата своја убавина иако имаше малку снег, па Крис можеше да фати снег за првпат и да си поигра.

marina-od-skopje-12-godini-zhivee-vo-tajland-se-vljubiv-vo-tajlangjanec-sega-rabotam-kako-uchitelka-i-imame-2-deca-24.jpg

И на крај, Охрид - нашиот бисер, убавото мирно езеро, Самуиловата тврдина, Св. Наум и сè што може да се види по пат.

Тајланѓаните не можат без својата лута и тотално различна кујна од нашата, па така храната беше потешката работа за нив.

Мора да признаам дека моите готват одлично и беше период на нашиот најубав празник Велигден, па имаа можност да пробаат убава зготвена храна, десерти и едноставно да го осетат празникот во вистински смисла, иако ние во Тајланд го прославуваме секоја година и вапцаме јајца, но дома е поубаво.

Омилена храна на Понд му е баклава и обланда, и да, беше зачуден како можеме да изедеме цел сендвич со голема плескавица (во Тајланд не се јаде толку леб и затоа му беше чудно).

marina-od-skopje-12-godini-zhivee-vo-tajland-se-vljubiv-vo-tajlangjanec-sega-rabotam-kako-uchitelka-i-imame-2-deca-12.jpg

Дали некој од твоето семејство/пријатели те посетиле таму?

Моите родители и брат ми ни биле во посета, посебно сега кога имаат и внуци, посетите се неизбежни во зависност кој има одмор, па така и нè посетуваат.

Тука се и пријателите од сите страни кои доаѓаат на гости, па макар и на два-три дена.

marina-od-skopje-12-godini-zhivee-vo-tajland-se-vljubiv-vo-tajlangjanec-sega-rabotam-kako-uchitelka-i-imame-2-deca-34.jpg

Како реагираше твоето семејство кога донесе одлука за преселба таму?

По трите години поминати во Тајланд, моите родители претпоставуваа дека ќе останам да живеам тука и секако штом сум јас среќна и исполнета, значи дека и они се среќни.

marina-od-skopje-12-godini-zhivee-vo-tajland-se-vljubiv-vo-tajlangjanec-sega-rabotam-kako-uchitelka-i-imame-2-deca-29.jpg

Како се навикна на локалната кујна? Готвиш ли? Што ти недостига од Македонија?

Тајландската кујна има совршен спој на 4 зачини солено, слатко, кисело и луто, и скоро секое јадење се комбинира со сите овие четири вкуса.

Во нивната кујна големо значење имаат свежото овошје и зеленчук, кои ги има во нивното кари, супи, салати, десерти итн.

Тајландската кујна може да биде вегетаријанска, да содржи месо, риба или морски плодови и секогаш може да се најде нешто интересно и ново да се проба.

Мојот сопруг на почеток знаеше да ми каже „Отвори си го срцето“ за нови вкусови, да се опуштам и пробам сè што се нуди, за да знам всушност каква е тајландската храна.

Има јадења кои се навистина вкусни и интересни, некои се многу лути и со измешани вкусови, но најважно е што има голем избор на овошје и зеленчук преку цела година.

Пробувам да готвам некои лесни јадења и не сум толку лоша, но сепак мојот сопруг е подобар во тоа и тој готви.

На почетокот ми недостигаа многу работи од нашата храна, но со тек на време се научив да се снаоѓам и да најдам замена ако нешто нема, а најмногу ми недостасува храната зготвена од мајка ми.

marina-od-skopje-12-godini-zhivee-vo-tajland-se-vljubiv-vo-tajlangjanec-sega-rabotam-kako-uchitelka-i-imame-2-deca-30.jpg

Има ли други Македонци што живеат таму? Или среќаваш само туристи од Македонија?

Корат не е туристичко место, но може да се сретнат туристи. Нема Македонци или Балканци, знам за еден Македонец кој има жена оттука, но не сме се запознале лично и на работа имам двајца колеги од Бугарија.

Сигурно има туристи од Македонија, но тие одат на туристички места и острови.

marina-od-skopje-12-godini-zhivee-vo-tajland-se-vljubiv-vo-tajlangjanec-sega-rabotam-kako-uchitelka-i-imame-2-deca-15.jpg

Одиш ли на плажа постојано? Каква е климата?

Тајланд има тропска клима и 3 сезони, летна, зимска и дождовна сезона и најчесто е топло преку цела година.

marina-od-skopje-12-godini-zhivee-vo-tajland-se-vljubiv-vo-tajlangjanec-sega-rabotam-kako-uchitelka-i-imame-2-deca-06.jpg

На море, планина одиме кога имаме слободни денови од работа, и тоа знае да биде почесто во текот на годината, но по неколку денови.

Кај Тајланѓаните тешко да видите затворени продавници, бизниси, ресторани итн. по цела недела, десетина дена за да одат на одмор, нивните одмори се кратки и почести во текот на целата година.

marina-od-skopje-12-godini-zhivee-vo-tajland-se-vljubiv-vo-tajlangjanec-sega-rabotam-kako-uchitelka-i-imame-2-deca-16.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg