Дена Кузмановска: „Бев во Доминиканската Република 5 пати, има рајски плажи и топло Карипско Море, но и огромна сиромаштија“
Какви се цените? Некоја цена оттаму кафе/пиво…
Цените се каде, каде поевтини отколку во Америка, затоа што Доминиканската Република е прекрасна, но доста сиромашна земја.
Цената на едно кафе би рекла дека е еднаква на околу 60 денари, а пиво околу 80 денари.
Имаше ли некој непријатен миг?
Пример за непријатен миг би рекла дека беше додека бевме на островот Саона веќе на самото враќање, пред да се качиме на бродот за назад кога впрочем во отворен автобус поминаа група на млади луѓе и некаде ги носеа, а една девојка од отворениот автобус ме праша дали имам храна да ѝ дадам затоа што била прегладнета.
Никогаш не ми се случило да наидам на некој кој може да биде толку изнемоштен и прегладнет, до тој степен на очај да мора храна да бара додека е носен некаде.
Јас бев прашана за храна додека стоев на самата улица со сендвич во рака после нашата екскурзија на островот, пред да се качиме на нашиот брод за назад.
Кога после момент, прочитав на отворениот автобус напишано „Survivor“ (Преживеан) и сфатив дека тие патници кои беа носени некаде, прегладнети, всушност биле учесници на шоуто „Survivor“ во Доминиканската Република.
Среќа, успеав да стасам на време да ѝ го подадам сендвичот на девојката, која ме прашуваше за помош.
Какви се плажите?
Плажите се рајски, долги и бесконечни, како што веќе напоменав погоре, водата секогаш е карипско топла, а алги никогаш немало, барем во периодите кога јас сум била.
Но, јас секогаш внимавав да не одам кога е сезона на дождови.
Имам одено во август, октомври, јануари и април.
Пред да одиме во Доминиканската Република што треба да знаеме?
Би рекла две работи.
Првата работа е да не излегувате од ресортот сами на своја рака, освен ако не сте во организирана група туристи која оди на одредена екскурзија или ако не стекнете навистина добар пријател, локалец кому можете да му верувате.
Само тогаш осмелете се да излезете, бидејќи и самите луѓе во комплексот каде што престојувате може да ви го кажат истото, а тоа е дека владее доста сиромаштија и не мора да значи, но може да имате ситуација каде што ќе се соочите со потенцијална опасност и непријатност.
А втората е дека може да се соочите со проблем во комуникацијата со локалците, односно самите вработени во ресортот кои се прекрасни луѓе, но зборуваат минимално англиски јазик.
И со нив ако сакате да се зближите повеќе или да го добиете тоа што го сакате, или едноставно ако сакате подобра услуга, ќе мора да реализирате комуникација на шпански јазик.
И не заборавајте да донесете купче бакшиш при вашето патување, бидејќи тие луѓе иако е „all-inclusive“ пакет тоа што сте платиле, се реално многу малку платени и долар или два за бакшиш ќе им значи многу.
Дадете им при носење на пијалак за вас во најголемите тропски горештини со голема насмевка на лицето, додека вие сте на лежалка.
Може многу да значи некому и вие ќе создадете пријателски однос во текот на престојот, кој може да ви помогне и во ситуации на менување подобра соба среде одмор и слични ситуации.
Ја препорачуваш ли како дестинација за одмор?
Да, секако со големо ДА!