Дена Кузмановска: „Бев во Доминиканската Република 5 пати, има рајски плажи и топло Карипско Море, но и огромна сиромаштија“

„Ме воодушевија бесконечните, бели прекрасни плажи и небесно синиот океан, кој прави да се чувствувате како да сте биле на Малдиви, но за многу попристапни цени за нас. Но, вработените во ресортите се навистина слабо платени, а и нè советуваа да не шетаме без придружба надвор од комплексот...“, вели Дена Кузмановска (32) од Скопје, која 9 години живее во САД, а обожава на одмор да оди во Доминиканската Република.

dena-kuzmanovska-bev-vo-dominikanskata-republika-5-pati-ima-rajski-plazhi-i-toplo-karipsko-more-no-i-ogromna-siromashtija-01.jpg

Дена Кузмановска (32) од Скопје живее во САД и работи за мала компанија која се занимава со рачна изработка на накит, направен од кристали и бисери. Покрај тоа што е дел од процесот на изработка, таа е и лице на компанијата, кое го претставува брендот за накит на разни саеми или уметнички шоуа.

Од Чикаго до Мичиген, Дена вели дека постојано има ваков тип на шоуа на разни места, за кои мора однапред да конкурирате и судии да проценат дали сте доволно добри за да учествувате.

Во САД Дена живее веќе 9 години, а оттаму посетува многу рајски дестинации, меѓу кои најсилен впечаток ѝ оставила Доминиканската Република, па затоа досега ја има посетено дури 5 пати.

За CRNOBELO.com, таа ги споделува своите впечатоци оттаму:

Зошто токму Доминиканската Република како дестинација за одмор?

Доминиканска Република стана мој избор, најмногу затоа што мене ми е на само 3 часа авионски лет од Њујорк и заради прекрасните карипски, долги, бескрајни плажи.

Со сè комплет вклучено, повратен билет од САД чини околу 300 долари.

Но, и карактерот на луѓето во Доминиканската Република има големо влијание во мојот избор. Тие се навистина топли и многу весели души. Прават да се чувствуваш како да си дома, во мигот штом стапнеш на нивно тло.

dena-kuzmanovska-bev-vo-dominikanskata-republika-5-pati-ima-rajski-plazhi-i-toplo-karipsko-more-no-i-ogromna-siromashtija-10.jpg

Зошто ти се допадна Доминиканската Република уште на првото стапнување таму?

Како што напоменав, едноставно не можев да одолеам на синилото кое ме обзеде при самото стапнување таму, а и самите луѓе одиграа голема улога со нивниот гостопримлив начин на однесување и со нивната топлина со која зрачат, поинаку од сите други народи кои сум имала можност да ги запознаам.

dena-kuzmanovska-bev-vo-dominikanskata-republika-5-pati-ima-rajski-plazhi-i-toplo-karipsko-more-no-i-ogromna-siromashtija-08.jpg

Во што е магијата на оваа земја?

Дефинитивно, бесконечните, бели прекрасни плажи и небесно син океан, кој прави да се чувствувате како да сте биле на Малдиви, но за многу попристапни цени за нас.

И, секако, нивната специфична храна која е многу вкусна, во комбинација со шармот на домаќините, кои сакаат да се почувствувате навистина како да сте дома.

Топлината на тие луѓе е нешто незаборавно, за кое вреди да се одбере да поминете некое време под карипските палми во Доминиканската Република.

dena-kuzmanovska-bev-vo-dominikanskata-republika-5-pati-ima-rajski-plazhi-i-toplo-karipsko-more-no-i-ogromna-siromashtija-20.jpg

Долови ни ја атмосферата...

За атмосферата ќе кажам само многу танцување и музика, проследено со нежните звуци на палмите и океанските бранови.

dena-kuzmanovska-bev-vo-dominikanskata-republika-5-pati-ima-rajski-plazhi-i-toplo-karipsko-more-no-i-ogromna-siromashtija-07.jpg

Што те воодушеви најмногу таму?

Никогаш нема да го заборавам патувањето со брод до островот Саона и поминувањето со истиот покрај местата, каде што е снимен филмот „The Blue Lagoon“ (Плава Лагуна) со Брук Шилдс, каде што имавме можност да видиме каде точно биле снимени дел од сцените на филмот.

А прекрасните домаќини навистина направија да се почувствуваме како да сме дел од самиот филм со нивното однесување.

dena-kuzmanovska-bev-vo-dominikanskata-republika-5-pati-ima-rajski-plazhi-i-toplo-karipsko-more-no-i-ogromna-siromashtija-03.jpg

Имаше ли многу туристи? Од кои земји? Сретна ли Македонци?

Во сите 5 мои досегашни посети на Доминиканска Република секогаш имало многу туристи, од различни страни на светот. Наидов на многу луѓе од Чешка, Германија, Канада, Русија, Мексико, а имаше и доста посетители и од самата Доминиканска Република, само од друг крај на државата.

Македонци немав можност да сретнам, но затоа се најдовме со една фина група на белграѓани, млади Срби кои во парови одлучиле да го прослават својот меден месец под карипското сонце.

dena-kuzmanovska-bev-vo-dominikanskata-republika-5-pati-ima-rajski-plazhi-i-toplo-karipsko-more-no-i-ogromna-siromashtija-17.jpg

Какво темпо на живот водат локалците? Имаат ли локалците интересни навики во секојдневието?

Животот на локалците се одвива во едно многу побавно темпо отколку што сме ние научени на пример во Скопје или Њујорк.

Луѓето навистина немаат многу, но затоа пак од тоа што сум успеала да забележам е дека се многу порасположени и понасмеани од луѓето во Њујорк.

dena-kuzmanovska-bev-vo-dominikanskata-republika-5-pati-ima-rajski-plazhi-i-toplo-karipsko-more-no-i-ogromna-siromashtija-05.jpg

За интересни навики во самото секојдневие не би можела да кажам многу со оглед на тоа што кога и да сум била во Доминиканска Република, поголемиот дел од времето сме го поминувале во самиот ресорт и со други туристи во истиот.

Единствените излегувања биле само со организирани екскурзии, како на пример возење со АТВ, парасејлинг, возење со ЗИП линија или екскурзија до островот Саона.

Има и низа други активности кои нè извадија од самиот ресорт, но кои сепак не се доволни за да се доловат некои интересни навики на локалците, од мој аспект како посетител.

dena-kuzmanovska-bev-vo-dominikanskata-republika-5-pati-ima-rajski-plazhi-i-toplo-karipsko-more-no-i-ogromna-siromashtija-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Александра од Скопје ја посети Шри Ланка: „Ја направив фамозната фотка од воз на инфлуенсерките, но ... „Сите што сакаат да ја направат познатата фотографија, обично букираат втора или...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Драгана од Скопје живее во Пекинг: „Јадев медуза, а мислев дека се печурки, Кинези ме застануваат на... „Кога дојдов, буквално доживеав културолошки шок. Кинезите подждригнуваат, ...
Ана од Скопје живее на Малдиви: „Цените за локалците се различни, некаде е забрането да носите бикин... „Посетив 7 острови, од кои 2 беа луксузни хотели за туристи и 5 локални острови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg