Оливер Јанкуловски: „Цели 8 години чекав австралиска виза - работам 2 работи, Мелбурн е совршен, но сè е предалеку“

Долови ни ја атмосферата од Мелбурн, местото каде што живееш… Што оттаму би си посакале во Македонија?

Живеам во Мелбурн, овој град е прогласен како најдобар во светот за живот многупати и со причина.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-02.jpg

Живеам во центарот на градот, блиску до работата.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-24.jpg

Искрено, Македонија би можела да посака сè од овој град - од инфраструктура до работни можности до собиралишта за забава на граѓаните.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-10.jpeg

Каква е природата? Што те има воодушевено најмногу? Има ли убави плажи и услови за капење?

Природата е навистина уникатна, има огромно крајбрежје, па преубави плажи...

Југот е малку постуден, па не е секогаш идеално за пливање, но има и потопли соединети држави како Квинсленд, северната територија и западна Австралија, па многу луѓе одат таму во посета за време на зимата.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-18.jpg

Какво темпо на живот водат локалците? Имаат ли интересни навики?

Многу брзо темпо, работа, вежбање, социјализација и ретко се наоѓа слободно време.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-05.jpeg

Дали сè е навистина предалеку?

Да! Сè е предалеку! Јас кога одам да ја посетам тетка ми во истиот град ми треба околу три часа со градски транспорт, а меѓу градовите е многу далеку.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-20.jpg

Од Мелбурн до Сиднеј е 9 часа со воз или автобус, па затоа се преферира да се патува авионски.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-17.jpg

Висок ли е стандардот на живот? Некоја цена оттаму кафе / пиво…

Дефинитивно! По короната и со светската криза цените се искачија премногу, па еден килограм домати може да достигне 15 австралиски долари (околу 580 денари), а исто така едно пиво.

Ако излезете на кафе ќе ве чини 5 австралиски долари (речиси 200 денари).

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-03.jpeg

Би ја препорачал ли оваа земја како туристичка дестинација? Од каде доаѓаат најмногу туристи?

Да... Преубава е, но препорачлива е најмногу за оние со подлабок џеб од западните земји за кои исто така има и програма за млади од развиените земји до 30 години за да дојдат да работат на фарма шест месеци и после да патуваат шест месеци.

Тие, т.н. патувачи со ранец на грб, како и туристите од Азија се најчести.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-14.jpg

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-19.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg