Оливер Јанкуловски: „Цели 8 години чекав австралиска виза - работам 2 работи, Мелбурн е совршен, но сè е предалеку“

„Добив покана од тетка ми да ги посетам во Австралија и јас со задоволство ја прифатив. Кога отидов, се заљубив во Австралија и единствен начин да се вратам таму, беше да учам, па моето семејство се жртвуваше за мене и некако собра доволно финансии да ме испрати. Потоа, следуваше долг и болен процес за да се добие постојана виза, особено затоа што бев сам и сè требаше сам да финансирам, па затоа паралелно со студиите работев“, ја започнува својата приказна Оливер Јанкуловски (36) за CRNOBELO.com.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-01.jpg

Оливер Јанкуловски (36) по потекло од Горно Оризари, битолско, има завршено средно образование во Битола, па потоа заминал на факултет во Софија, Бугарија и по факултет отпатувал во Австралија како турист, но оваа земја му станала дом.

Оливер живее веќе 12 години во Австралија, но со големи отсуства од по неколку години, затоа што токму патувањето му е најомилено хоби.

Оливер за CRNOBELO.com открива детали за животот во Австралија:

Зошто токму Австралија? Кога прво ти падна на ум идејата да се преселиш и колку време беше потребно до реализација? Сам или со семејството?

Голем дел од мојата фамилија живее во Австралија од 80-тите години, па пораснав со идејата дека еден ден ќе ја посетам.

Добив покана од една тетка да ги посетам откако дипломирав и јас со задоволство ја прифатив поканата. Кога отидов се заљубив во Австралија и единствен начин беше да се вратам да учам, па моето семејство се жртвуваше за мене и некако собра доволно финансии да ме испрати.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-09.jpg

Потоа, следуваше долг и болен процес за да се добие постојана виза, особено затоа што бев сам и сè требаше сам да финансирам, од тоа што работев дури живеев таму.

Но, по 8 години успеав - станав државјанин, наспроти што дури и миграциски агенции ми кажуваа дека немам можност да останам.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-21.jpg

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-02.jpeg

Ти се допадна ли Австралија на прва? Беше ли тоа љубов на прв поглед по слетувањето или ти требаше период на адаптација?

Веднаш се заљубив! Не ми требаше многу размислување дали сакам да се вратам да живеам таму засекогаш, се чувствував многу повеќе како да припаѓам во тоа општество, oтколку во Македонија.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-22.jpg

Зошто Австралија е уникатна земја?

Јас сум голем љубител на природа, птици и животни, а Австралија има сосема уникатна флора и фауна.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-15.jpg

Доста од животните во Австралија се најопасни во светот и тоа ме фасцинира многу. А и има доста други уникатни карактеристики, но животинскиот свет ми е омилен.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-09.jpeg

Како ти изгледа секојдневието?

Па, во Австралија иако животниот стандард е многу добар, сепак мора доста да се работи.

Кога сум таму главно работам две работи една со полно работно време од понеделник до петок од 9 до 17 часот во канцеларија и другата ми е во зоолошка градина за викенди, што воедно ми е хоби.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-11.jpg

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-06.jpg

После работа одам понекогаш на вежбање и половина денови од неделата излегувам на вечера или пијалак со пријатели или се релаксирам дома со чаша вино и Нетфликс.

За викенди често одам на  т.н. „роуд трипс“ со пријатели и така времето ми е целосно исполнето и ретко имаш време да ти биде здодевно.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-04.jpg

Колку брзо се снајде на поле кариера? Со што се занимаваш?

Па, најлесно да се остане беше да се учи за готвач, па поработев на тоа поле, сè додека не добив постојана виза, но ја напуштив работата, не ми се допаѓаше и заминав на 6-месечна прошетка по светот.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-04.jpg

Кога се вратив, работев во туристичка агенција затоа што и тоа и ми беше факултетот.

По некоја година и тоа ми здодеја, па заминав на друго 9-месечно патување.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-13.jpg

Потоа работев, како што споменав, во зоолошка градина, но со короната тоа стана многу сложено, па се вработив во државната администрација во одделот за вработување и иако оваа работа беше идеална сепак желбата за патување беше посилна и моментално сум на патување околу светот за година и пол, а за работа секогаш ќе има, кога и да се вратам во Австралија.

oliver-jankulovski-celi-8-godini-chekav-avstraliska-viza-rabotam-2-raboti-melburn-e-sovrshen-no-se-e-predaleku-11.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg