Бранко Илиески живее во Австралија: „Работам во пошта, а за време на викенди како шанкер - сакам да го прошетам светот“
Каде има најубави жени?
Жените во Латинска Америка. Во нив постои посебен жар што нас мажите нè заслепува!
Со кои работи никогаш не заминуваш на патување?
Без моето шалче со македонско знаме, како и GoPro камера и мојот мобилен телефон со кој правам стотина фотографии и видеа.
Понекогаш носам коала приврзоци и ги давам на новите познаници и дечињата што ќе ги сретнам на пат.
Како се справуваш со џет-лег?
Џет-лег не е веќе проблем. Се релаксирам во текот на летот и после спијам, па се чувствувам како нов.
Кои Светски чуда ги имаш посетено досега?
Големата пирамида во Гиза, Египет, потоа Таџ Махал во Индија, Големиот кинески ѕид во Кина, Чичен Ица во Мексико и следната година планирам да одам да ги посетам Мачу Пикчу во Перу.
Кои дестинации планираш да ги посетиш во 2023?
Следната година е измислена за патување. Сакам да одам во Бразил, Аргентина, Перу, а потоа до Исланд, Гренланд, Англија и Норвешка.
Кои веб-сајтови и услуги ти се најдоа корисни при планирање на патувањата?
Worldpackers и TourRadar, како и други веб-страници кои ми помогнале да се организам околу патувањата. Ги има доста кои даваат и попусти ако патуваат повеќе луѓе.
Што ќе им пренесеш на патниците кои сакаат да го пропатуваат светот?
Ако навистина патувањето ве прави среќен немојте да одложувајте од денес за утре. Секогаш излегуваат работи во животот, времето не застанува. Потрудете да посетите што е можно повеќе земји и искористете ги парите што ги заработувате за она што ве прави среќни.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: Е. Х. | Црнобело