Мила Груевска за престојот во Занзибар: „Ме пречека импровизиран аеродром и културен шок, но водата и плажите беа нереални“

Какво темпо на живот водат локалците? Имаат ли локалците интересни навики во секојдневието?

Локалците се една од причините зошто е овој остров толку посебен.

Секогаш срдечни и насмеани, го поминуваат секој ден со една филозофија „Hakuna Matata“ добропознат израз кој ќе го слушнете на секој чекор и значи опуштен живот без правила и грижи.

mila-gruevska-za-prestojot-vo-zanzibar-me-precheka-improviziran-aerodrom-i-kulturen-shok-no-vodata-i-plazhite-bea-nerealni-001.jpg

Неверојатно релаксирани и опуштени ве потсетуваат да го успорите ритамот и да уживате во животот со извикување на „Pole pole“ (полека, полека).

mila-gruevska-zanzibar-e-od-kallivi-patishta-do-bel-pesok-i-tirkizno-more-egzotika-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-09.jpg

Какви се цените? Некоја цена оттаму кафе / пиво...

Цените се разумни, малку повисоки од нашите. Кафето е околу 1.5-2 евра, пиво 2.5-3 евра, Коктелите на плажа се движат од 8-10 евра.

Оброк во ресторан за една особа чини од 10-15 евра.

mila-gruevska-za-prestojot-vo-zanzibar-me-precheka-improviziran-aerodrom-i-kulturen-shok-no-vodata-i-plazhite-bea-nerealni-001.jpg

Кое е најубавото место таму?

Иако е најкомерцијално, сепак „Kendwa“ (Кендва) местото каде бевме сместени мене ми остави најголем впечаток. Идеална огромна плажа каде немаат влијание плимата и осеката, исполнета со ресторанчиња и најубавото зајдисонце кое некогаш ќе го видите.

Морам да го споменам и барот „Kae Funk“, каде бевме на целодневна посета, преубав бар со добра музика и атмосфера сместен на една од најубавите плажи каде на зајдисонце почнува многу интересно африканско шоу, кое завршува со палење оган.

mila-gruevska-zanzibar-e-od-kallivi-patishta-do-bel-pesok-i-tirkizno-more-egzotika-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-08.jpg

Какви се плажите?

Долги, бели, песочни плажи кои ви го одземаат здивот.

Она што е многу интересно се плимата и осеката. Во еден момент можете да шетате по дното на океанот,а за неколку часа тоа исто дно е покриено со вода на висина од 2-3 метра.

Доколку на некој му пречи ова, подобро е да се одлучи за сместување во северниот дел на островот, Kendwa или Nungwi, каде е мала разликата меѓу плимата и осеката.

Водата не беше топла, но беше пријатна за бањање, бранови нема и океанот е многу мирен, алги не видовме, но има мнооогу морски ѕвезди.

mila-gruevska-zanzibar-e-od-kallivi-patishta-do-bel-pesok-i-tirkizno-more-egzotika-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-13.jpg

Каков е животинскиот свет? Имаше ли медузи?

Животинскиот свет е неверојатен и разновиден, тропски риби, корали, преубави морски ѕвезди и секако делфини. Има посебни тури со бротчиња кои те носат на одредени локации со цел да се видат делфини

Медузи има, нормално со оглед на останатиот морски свет, но не претставуваат проблем бидејќи ги нема во голем број.

mila-gruevska-zanzibar-e-od-kallivi-patishta-do-bel-pesok-i-tirkizno-more-egzotika-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-18.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...
Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...
Стефан и Милан за патувањето на Исланд: „Пржевме колбаси на -10°C под Аурора Бореалис“ „Се возевме со кампер низ Исланд. Ова е релативно скапа дестинација, но со добро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg