Мила Груевска за престојот во Занзибар: „Ме пречека импровизиран аеродром и културен шок, но водата и плажите беа нереални“

„По долг и исцрпувачки лет, првото што го забележав беше огромната влажност на воздухот, импровизираниот аеродром и огромниот културен шок кој ме дочека, но заборавив сè при допирот со најчистата вода која некогаш сум ја видела и белиот песок кои делуваат толку нереални што се запрашуваш дали си во некоја компјутерска симулација или навистина постои...“, раскажува Мила Груевска (31) од Скопје за CRNOBELO.com.

mila-gruevska-zanzibar-e-od-kallivi-patishta-do-bel-pesok-i-tirkizno-more-egzotika-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-01.jpg

Мила Груевска (31) од Скопје, дипломиран економист, работи во банка и е вљубеничка во патувањата.

Досега ги има посетено Бразил, Мароко, Шри Ланка, Египет (односно Каиро, Александрија, Луксор, крстарење по Нил), Кападокија и многу од европските земји.

Годинава како дестинација за одмор го избра Занзибар,.

За искуствата оттаму Мила говори за CRNOBELO.com:

Годинава многу Македонци го посетија Занзибар... Ти ги исполни очекувањата или те разочара?

Секогаш кога патувам сакам да одам со отворен ум без никакви очекувања

Имав прегледано многу влогови, видеа и репортажи за Занзибар пред да одам, но ниту една од нив не можеше да ме подготви за тоа што ќе го доживеам и видам таму, особено што скоро сите ги прикажуваа нестварните убавини на овој регион.

Но, при обиколката се соочуваш со реалноста во која се одвива животот, од добро до лошо, сиромашно до луксузно, калливи патишта до бел песок и тиркизно море, Занзибар е егзотика која никого не остава рамнодушен.

mila-gruevska-zanzibar-e-od-kallivi-patishta-do-bel-pesok-i-tirkizno-more-egzotika-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-02.JPG

Каков ти беше впечатокот при првото стапнување таму?

Да бидам искрена, на прво стапнување, после долг и исцрпувачки лет, првото што го забележав беше огромната влажност на воздухот, импровизираниот аеродром и огромниот културен шок кој ме дочека.

Но, сето тоа паѓа во втор план кога ќе дојдеш во контакт со најчистата вода која некогаш си ја видел и белиот песок кои делуваат толку нереални што се запрашуваш дали си во некоја компјутерска симулација или навистина постои.

mila-gruevska-zanzibar-e-od-kallivi-patishta-do-bel-pesok-i-tirkizno-more-egzotika-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-10.JPG

Колку време вкупно се патува од Македонија до Занзибар и како изгледа патот дотаму?

Патот е релативно долг. Нашиот лет беше со Turkish Airlines на релација Скопје – Истанбул – Занзибар

На аеродромот во Истанбул имавме чекање од 6 часа, по што продолживме со лет до Занзибар. 

Авионот застанува во Танзанија и на одење и на враќање да дособере патници што дополнително го зголемува времето на патување. Летот Истанбул-Занзибар со застанувањето во Танзанија трае околу 9 часа и доколу не сте фан на летање може да биде доста напорен, всушност, доста е напорен.

mila-gruevska-zanzibar-e-od-kallivi-patishta-do-bel-pesok-i-tirkizno-more-egzotika-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-12.jpg

Зошто оваа држава е уникатна?            

Занзибар е место кое дефинитивно еднаш во животот мора да се види и доживее.

Контраст од луксузни хотели, наспроти едноставниот и сиромашен живот на локалците. Спој на Индија, Африка и Арабија во едно мало парче земја.

Тиркизно сино море и бел прашкаст песок, недопрена природа која те остава без зборови.

mila-gruevska-zanzibar-e-od-kallivi-patishta-do-bel-pesok-i-tirkizno-more-egzotika-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-03.JPG

Имаше ли многу туристи? Од кои земји? Сретна ли Македонци?

Немаше премногу туристи, со оглед на тоа што беше септември и бројот полека почнува да опаѓа (поголем број на гости имаше во периодот јуни-август).

Најголем дел од туристите кои ги сретнавме беа од Балканот (Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина), а Македонци имаше секако, околу 20-тина луѓе бевме од Скопје со групна тура преку агенција.

mila-gruevska-zanzibar-e-od-kallivi-patishta-do-bel-pesok-i-tirkizno-more-egzotika-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-17.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...
Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...
Стефан и Милан за патувањето на Исланд: „Пржевме колбаси на -10°C под Аурора Бореалис“ „Се возевме со кампер низ Исланд. Ова е релативно скапа дестинација, но со добро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg