Софија и Јаков Спасов за медениот месец во Исланд: „Пејзажите беа како од друга планета, ни фалеше уште по некоја јакна“

Зошто Исланд е одлична туристичка дестинација?

Заради нереално убавите пејзажи, зеленилата до недоглед, огромните водопади, најцрните плажи, магичните глечери, восхитувачките вулкани, претоплите луѓе кои нè дочекаа, сите приказни за троловите и џиновите кои ги раскажувале локалците во тек на долгите зими, легендите пренесени од генерација на генерација за храбрите Викинзи како и сите останати авантури кои ние не стигнавме да ги искусиме.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-15.jpeg

Најубава случка таму…

Искрено сè што видовме и доживеавме беше прекрасно, но како една од најубавите случки можам да ја одвојам прошетката по вулканската лава и незаборавното искуство во 5Д симулаторот FlyOverIceland, каде што имавме можност виртуелно да летаме насекаде врз Исланд.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-18.jpeg

Најнепријатна случка таму…

Не би рекла дека е непријатна случка, но на купени влезници и превоз до Сината лагуна задоцнивме точно 2 минути на автобуската станица и го пропуштивме превозот.

За наша среќа, најдовме слободно место да ја посетиме неколку дена подоцна.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-22.jpeg

Што би им порачале на тие што планираат да ја посетат?

Најпрво, топла облека, многу слоеви топла облека, водоотпорни патики и панталони.

Исто, бидејќи како што кажав сè поголем е бројот на туристи, повеќето од турите се букирани месеци однапред, па затоа најубаво е сите да се организираат пред пристигање на Исланд.

 sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-16.jpeg

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-14.jpeg

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-10.jpeg

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-07.jpeg

Повеќе фотографии од патувањето на Софија и Јаков:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Даниела од Роам Ароунд МК за камперските тури во Исланд: „Одиме на места за кои никој не слушнал“ „Камп сајтовите се 100% безбедни, исто така Исланд важи за една од најбезбедните...
Стефан и Милан за патувањето на Исланд: „Пржевме колбаси на -10°C под Аурора Бореалис“ „Се возевме со кампер низ Исланд. Ова е релативно скапа дестинација, но со добро...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg