Анита Филева: „Магичните кафулиња покрај каналите ми се омилени во Амстердам, како и холандските вафли“
Среден ли е јавниот превоз, колку се внимава на хигиената по улиците?
Превозот низ Амстердам е одлично среден и за таков голем град што има премногу туристи брзо се стига до секоја дестинација.
Иако има метро, автобуси, трамвај, како и воден сообраќај, сепак најпрактично е да се користи велосипед. Таму ретко кој вози автомобил (поради високата цена на паркинг услугите).
Амстердам е град кој е најпријателски настроен кон велосипедистите во цела Европа и изобилува со велосипедски патеки (околу 40k0m).
Исто така, може да кажам дека е еден од градовите во кој доста се грижат за хигиената на улиците.
Имаше ли многу туристи?
Амстердам е еден од водечките градови на посетеност во Европа, околу 20 милиони годишно го посетуваат градот. Поготово за време на викендите кога посетители од околните држави го преполнуваат градот.
Каква е храната?
Бидејќи во градот живеат луѓе од секаде низ светот, има премногу избор на различни видови на кујни, па освен холандската има и голем избор на азиска храна.
Сепак, холандската храна која мора да се вкуси е: Bitterballen, вафлите, помфритот, холандските палачинки, крокетите, сирењето.
Најомилено место оттаму…
Па, не би можела да издвојам едно место кое ми е омилено бидејќи ги има многу. Самите кафулиња и ресторани кои се покрај каналите, музеите и парковите.
Дали доби впечаток дека Холандија е навистина земја на лалињата?
Да, неизбежно е да се забележат насекаде особено во периодот на пролетта кога почнува да расцветуваат.