Дивна Милковска: „Ме изморија нагорнините во Лисабон, но градот е магичен и Португалците се прељубезни“
Најомилено место оттаму…
Како место кое мора да се види доколку си во Лисабон е Синтра на околу 30 километри оддалеченост. Местото е магично само по себе и е на самиот океан.
Опишано е како Дизниленд за возрасни и мистерија на брегот на Атлантскиот Океан. Плажи за сурфање, слатки ресторанчиња и неверојатна природа. Бајковитите замоци и магичните градини се нешто кое мора да се види.
Зошто Португалците се уникатни?
Ако Тајланд е земјата на насмевките, Португалија е земјата на меланхонијата. Тие често знаат да кажат „Ohala“ што значи „Белким“ или „Дај Боже“. Најчесто се опишувани како друштвени, љубезни, пријателски настроени, но и тажни.
Зошто тажни кога додека се шеташ низ улиците можеш да видиш полни ресторани и кафулиња, насмеани лица и разиграни гласови. Па од каде тогаш таа поврзаност со меланхонијата?
FADO, нивната традиционална музика, придружена со гитара, раскажува приказни за љубов, надеж, тага, патувања и збогувања, инвазии и диктаторства. Страста и емоциите зад музиката зборуваат сами по себе.
Нивниот омилен збор е „saudade“ што значи „копнеам“. И тие избираат така да живеат, нивните емоции не дозволуваат поинаку.
Повеќе фотографии од Дивна од Португалија:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело