Дивна Милковска: „Ме изморија нагорнините во Лисабон, но градот е магичен и Португалците се прељубезни“

Најнепријатен настан оттаму…

Ако нешто треба да одвојам како непријатно, тоа би биле нагорнините од кои нема бегање.

Лисабон е град на 7 ритчиња и градот е така уреден за сè да ти е блиску и не ти се исплати да одиш никаде со превоз, кога можеш шетајќи да го впиваш самиот град и неговите уникатни детали.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-03.jpg

Така што да, нагорнините се дел од фитнесот за ова патување. Но, кога ќе се качиш на „Alfama“ (најстарото соседство во Лисабон) пиењето кафенце е на сосема друго ниво.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-04.jpg

Среден ли е јавниот превоз, колку се внимава на хигиената по улиците?

Јавниот превоз и сообраќајот се исто така нешто што нè воодушеви. Автомобили речиси и како да немаше.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-16.jpg

Имаше ли многу дојденци?

Иако знаев дека Африка е блиску, не знаев дека има толку доселеници од таму, па беше убаво да се доживее и дел од нивната култура испреплетена со португалската.

А ќе ве насмее и нивната решеност да си ги спростираат алиштата надвор, тоа е нивен заштитен знак.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-18.jpg

Каква е храната?

Во врска со храната пак можам да кажам дека има сè и сешто за сечиј вкус. Таму сите дуќанчиња, станови, хотели па и ресторани се многу тесни така што ако одиш во сезона најчесто ќе мора да резервираш предвреме.

Е сега, бидејќи јас живеам и сум порасната во Струмица, град кој е еден од поретките убави гратчиња каде што можеш да си дозволиш често излегување по ресторани и да се почестиш со квалитетен оброк за нормални цени, цените во Лисабон нормално се повисоки.

Но, Лисабон е голем град, па цените кога ги споредуваш со другите метрополи се навистина во ред.

Имаат превкусна риба, но и други специјалитети од кои би ги издвоила сендвичот „Francesinha“, супата „Caldo Verde“, сендвичот „Bifana“ и нормално пред и по секое јадење и кафе.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-05.jpg

„Pastéis de Nata“, најпознатото печиво во Португалија, е рецепт стар 300 години измислен од монасите кои во тоа време имале жолчки „за извоз“ затоа што белките од јајцата ги користеле за „пеглање“ на алиштата.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-09.jpg

Толку голем гурман сум што едвај дочекав да ги пробам познатите „Pastéis de Nata“ и пред да тргнеме од нетрпеливост секој ден јадев еклери, мислејќи дека се нешто слично, но не е…

Затоа и сакам да патувам, сè си има свое место и убаво е кога после ти недостига.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-15.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg