Дивна Милковска: „Ме изморија нагорнините во Лисабон, но градот е магичен и Португалците се прељубезни“

„Лисабонците си имаат свое темпо што многу ми се допадна. Си прават одмор за семејството и за самите себе после 14 часот сè до 18-19 часот како што некогаш било и кај нас. Не го прифаќаат темпото на „робот“ и работење 24/7“, раскажува Дивна Милковска (32) од Струмица за CRNOBELO.com.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-01.jpg

Дивна Милковска (32) од Струмица, сопруга и мајка на две мали дечиња, обожава патувања, а највоодушевена е од патувањето во Португалија.

Вели дека за неа Лисабон е најубавиот град на светот.

Зошто е тоа така, Дивна споделува за CRNOBELO.com:

Зошто токму Португалија?

Уште како мала родителите ми ја пренесоа желбата за патувањата и отворање на нови хоризонти. За тоа сум им вечно благодарна затоа што по секое ново патување, посебно далечно, доживуваш некоја позитивна промена на твојата личност.

Пасијата за патување исто така ја дели и мојот сопруг, па понекогаш благодарение на двете супер бабички имаме можност да бидеме и сами на неколку денови, исто како кога бевме во врска.

Португалија ни беше желба од поодамна затоа што за разлика од другите држави во Европа ниту сопругот, ниту јас, ја имавме посетено. Исто така не беше премногу далеку со оглед на тоа дека не можеме да отсуствуваме премногу долго.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-10.jpg

Што те воодушеви најмногу?

Уште пред да заминеме, некои наши пријатели кои веќе биле ни раскажуваа за љубезноста на Португалците. И навистина беше така, се уверивме во тоа на лице место.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-08.jpg

Воодушевена сум од нивната срдечност и љубезност спрема туристите за разлика од некои други европски метрополи и можам да кажам дека можеме многу да учиме од таа нивна скромност и начин на гледање на животот, во кој нема место за надменост и натпревар.

Обожавам да патувам на такви дестинации, каде не учиш како да гледаш што е можно по од високо, туку баш напротив сфаќаш дека сè е минливо и важи само сегашниот момент и сторената добрина.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-02.jpg

Зошто Лисабон е уникатна приказнa?

Лисабон е уникатна приказна сам по себе со својата шареноликост и возбуда. Постар е и од Рим, а од Лисабон постар град во Европа е само Атина.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-14.jpg

Најстарата библиотека на светот се наоѓа токму таму. Градот има за секого по нешто, но најмногу за младите.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-07.jpg

Вистинското шоу започнува после 22 часот. Лисабонците си имаат свое темпо што многу ми се допадна. Си прават одмор за семејството и за самите себе после 14 часот сè до 18-19 часот како што некогаш било и кај нас.

Не го прифаќаат темпото на „робот“ и работење 24/7.

divna-milkovska-me-izmorija-nagorninite-vo-lisabon-no-gradot-e-magichen-i-portugalcite-se-preljubezni-11.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg