Филип Гачиќ, туристички водич: „Од Украина донесов „чернобилска радијација“, а од Занзибар се вратив со многу спомени и пари“

Каков е животот на Занзибар со мештаните?

Убав на видео снимки, но на подолг период знае да биде здодевен. На тој остров вкупно поминав 6 месеци и после тој период ми здодеа.

Затоа што менталитетот на мештаните и нашите луѓе е толку различен што може да разговараме и разбереме делумно.

Исто така Занзибар е мал остров, има еден град и неколку поголеми селца. Поради тоа има малку активности и места за квалитетно блеење.

filip gacikj ili putosranje da go iskusite lokalniot zivot na nekoe naseleno mest toa e turizam a se drugo e bajka 8

По што се разликуваат свадбите на Занзибар од оние во Србија?

По тоа што на свадба во Србија доаѓаш гладен и жеден, а се враќаш пијан и 3 килограми подебел. На занзибарска свадба, доаѓаш сит, а се враќаш гладен и жеден.

Но добро, тоа е разбирливо ако се земе предвид дека се многу сиромашни. А ние реално многу ложиме, па тоа секогаш се прелева и со храна и со пиење, што никако не е негативна работа.

Која песна најмногу ја пеевте со Рама, локален водич на Занзибар кој цело време е со патници од Србија и Македонија?

Со мојот брат Рама најчесто ја пеевме онаа негова „Рамо Рамо друже мој“. Снимките со него како пееме заедно едно време ги преплавија социјалните мрежи па читателите веројатно знаат за што станува збор.

Морам да признаам дека јас не го научив на таа песна, ја знаеше уште пред да се запознаеме. Јас го научив на оние од Миле Китиќ и Митар Мириќ. Дечкото е природен талент.

filip gacikj ili putosranje da go iskusite lokalniot zivot na nekoe naseleno mest toa e turizam a se drugo e bajka 4

Какви необични искуства доживеа со Масаи племето?

Сè во врска со ова племе е необично. Од нивниот изглед, преку исхрана, места каде што живеат, до обичаи и верувања. Но најнеобично искуство со нив ми беше ценкање за влез во едно село.

Бидејќи повеќето од племињата Масаи се отворени за туристи со плаќање, се разбира. Дојдов јас со 10 луѓе и седнав до 5 Масаи ликови во карирани фустани со стапови во раце и почнав да преговарам.

Не сакаа да ја спуштат цената, па ги искулирав и отидов во друго племе на 15 минути возење каде се договорив за дупло помала сума.

Исто така еднаш се обидоа да измамат една баба од мојата група. Оние кои со себе имаат многу рачно изработени сувенири, па сега таа баба се пазарела и на крајот не купила ништо, но еден Масаи лик тврдеше дека таа го зела сувенирот, а не платила.

Јас морав да ја испеглам целата приказна. Ни малку не беше пријатно, зашто нивното село се наоѓаше на 20 километри од првото населено место, во една пустелија.

И тука 10 мажи од племето со стапови во рака нè напнуваа да им дадеме пари за нешто што не сме зеле. Едвај извлековме жива глава…

filip gacikj ili putosranje da go iskusite lokalniot zivot na nekoe naseleno mest toa e turizam a se drugo e bajka 7

Кое егзотично животно би сакал да го чуваш како милениче?

Пантер, брате. Многу брутално животно. Но бидејќи веќе имам куче, а тој не сака мачки, за сега не би зел ни пантер. Можеби некоја коала, зашто е многу лесна за чување!

filip gacikj ili putosranje da go iskusite lokalniot zivot na nekoe naseleno mest toa e turizam a se drugo e bajka 9

Што правиш прво кога се враќаш дома од патување?

Прво ќе се најадам нешто меснато и мрсно. Главно некоја полнета плескавица. Потоа лепиња и тогаш почнуваат специјалитетите од мајчината кујна.

После тоа се поздравувам со своите блиски и своето куче. Пијам неколку дена и излегувам со друштво, а потоа се стишувам и исчезнувам. Одам во природа со своето куче и секојдневно уживам во секој миг.

Зошто луѓето не се искрени на Инстаграм?

Па што знам, не сум стручен на таа нема, но можам да дадам свое лично мислење.

Модерната технологија ни даде можност јавно да се претставиме на начин на којшто сакаме. За жал многу луѓе не се задоволни со својот изглед или со животот генерално па се претставуваат како некој друг.

Секако дека нема ништо лошо во тоа што луѓето настојуваат да бидат успешни во животот. Но, проблемот е далеку подлабок.

Од толку фолирање на социјални мрежите, новите генерации добија погрешна слика за реалноста. Кога ќе влезеш на Инстаграм сите се убави, богати, успешни и паметни.

А всушност не се, само така се претставуваат. И сега млада, неизградена личност се комплексира зашто мисли дека само на неа во животот не ѝ оди, затоа што е очигледно дека на сите други им цветаат само рози (гледано од Инстаграм).

filip gacikj ili putosranje da go iskusite lokalniot zivot na nekoe naseleno mest toa e turizam a se drugo e bajka 10

Тука ќе го завршиме разговорот, кога планираш да ги избричиш мустаќите?

Немам поим, веројатно никогаш. Бркови станаа заштитен знак на Путосрање и Чиле нема да биде Чиле без нив.

filip gacikj ili putosranje da go iskusite lokalniot zivot na nekoe naseleno mest toa e turizam a se drugo e bajka 13

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg