Филип Гачиќ, туристички водич: „Од Украина донесов „чернобилска радијација“, а од Занзибар се вратив со многу спомени и пари“
- Детали
- четврток, 07 април 2022
„Сè во Африка е како на Марс, сè е различно, а жените се малку старомодни и не по мој вкус... Спротивно на тоа, Мексико го сакам прво заради жените кои се жив оган, а потоа и заради менталитетот“ – раскажува за CRNOBELO.com Филип Гачиќ познат како Путосрање, кој има пропатувано низ повеќе егзотични дестинации низ светот како туристички водич.
Филип Гачиќ од Ужице, има завршено историја на уметност во Белград, а како што вели половина од својот живот го има поминато играјќи видео-игри.
Другата половина ја има поминато во тренинзи, зезанзиции и излегување. После факултетот почнал да работи како туристички водич за Џангл Травел и еве веќе 4 години е во таа приказна.
На идејата да направи Инстаграм профил кој денес е познат како @putosranje дошол пред 2 години, а од тогаш интензивно е посветен на таа.
Преку забава на луѓето пробува да ги пренесе своите искуства, но и да сподели одредени знаења и согледувања. Исто така се бори и против модерните пропаганди на погрешни вредносни системи. Поточно се бори против ветерници.
Како туристички водич тој има посетено доста земји низ светот, а за CRNOBELO.com ги раскажува искуствата од престојот на различни дестинации...
Што значи за тебе патувањето? Каква слобода чувствуваш?
Патувањето ни овозможува својот мозок привремено да го исклучиме од машината на сивото секојдневие. Затоа, кога не е преокупиран со апсурдни работи, нашиот ум станува слободен.
Значи, ако физички се поместиме на друга локација, нашата психа го прави истото и тука започнува магијата.
Некој е преплавен со работни обврски или семејни проблеми, па „бегството“ на одмор му дава можност малку да воздивне од сето тоа.
Мене патувањето ми дава малку поинаков вид на слобода. Поради тоа што својот живот го организирав така да сум слободен и кога сум дома, немам потреба да „бегам“ некаде на одмор.
Меѓутоа патувањето ми помага да ја проширам својата перцепција за различни работи. Значи, слободното изразување на својот креативен потенцијал и откривање на истиот за мене е една од најважните работи кога зборуваме за патувањето.
Каков туризам практикуваш, што означува за тебе тоа?
Да го искусите локалниот живот на некое населено место. Поминете доволно време со тие луѓе за да бидете способни да влезете во нивната глава.
Да дознаете на кој начин размислуваат, кои проблеми ги имаат, какви им се ставовите, целите. Да отидете кај истите во куќа, во маало. И да видите како живеат. Сè освен тоа за мене е лоша бајка, а не туризам.
Замислете германски турист кој доаѓа во Белград и руча во некој ресторан во центар. Како тој може да знае како живеат и што работат луѓето во селата на Стара Планина? Не може да знае.
Е, па јас сум лик кој кога оди на друг континент и кога ќе види сијалици, неонки, билборди, фенси ресторани, ќе се заврти на друга страна и започнува со вистинското патување.
Вистинското путосрање…
Кои земји ги посети во 2021 година и што понесе од таму со себе?
Занзибар на два месеци. Од таму понесов куфер со искуства, голем број спомени и многу пари.
Ја посетив Украина на една недела и донесов малку чернобилска радијација. И Мексико на два месеци каде научив многу работи, стекнав различни искуства и пораснав како личност. Секако и од таму донесов многу пари.
Да резимираме, примарна цел на секое патување е ИСКУСТВО, сè останато е бонус.
Од толку многу посетени места, каде би останал да живееш на подолго време?
За сега само Србија доаѓа предвид. Никогаш го немав тој трип да ја напуштам својата земја. Од кога почнав поинтензивно да патувам низ светот сè повеќе сум наклонет на идејата дека никогаш нема да ја напуштам Србија.
Луѓето вообичаено ја сфаќаат вредноста на нештата, откако ќе ги изгубат. Што повеќе патувам, толку повеќе ми станува јасно колку мојата земја е благословена и колку имам среќа што сум се родил тука.
Секогаш ќе одам некаде како турист, но веројатно никогаш нема да се преселам трајно.
Што е она што најмалку го сакаш од секое патување?
Тешко прашање. Веројатно се мисли на некои лоши искуства. За жал, немам конкретен одговор на ова прашања. Како што реков и претходно, мојата цел се искуствата.
Било тоа негативно или позитивно, искуство е искуство. Дури мислам дека човекот најмногу расне кога ќе доживее негативно искуство.
Не дека сакам да ги привикувам таквите искуства, но не кукам дури и ако се случат. Затоа што јас во секој случај ја имам исполнето целта.
Се имаш ли најдено во ситуација да посетиш некое место кое е популарно на Инстаграм, а во реалноста да е тотална катастрофа?
Секако дека постојат многу такви места. Меѓутоа живееме во време кога добар маркетинг е единственото нешто што ја продава приказната.
Сепак не сум веродостоен да коментирам, зашто и така ги избегнувам тие Инстаграм места…
Кој е најинтересниот дел од секоја нова авантура?
Исчекор во непознатото. Изложување на нови околности или како што самопрогласени „лајф коучи“ или учители на животот би рекле „outside of the box“ (надвор од кутијата).
На тој начин станувам посилен и поискусен. Во тие моменти се чувствувам пожив од вообичаено, а кога ќе остварам нова цел станувам непобедлив.
Африка или Америка?
Двата континента се неверојатни и секако дека треба да ги посетите и двата. Африка е културолошка поинтересна. Исто така и визуелно. Сè во Африка е како на Марс.
Гледаш во дрво, поинаку е, гледаш во луѓе, поинаку се физички, но и по размислување, обичаи, верувања… Животните им се поразлични, сè е поинаку и во таа смисла Африка е прекрасно искуство.
Меѓутоа го претпочитувам Мексико од неколку конкретни причини. Прва и основна причина се жените.
Во Африка девојките не се по мој вкус, а и малку се старомодни, да не искористам некој груб термин… Додека Мексиканките и останатите латино риби се жив огин…
Покрај жените, народот е доста сличен со менталитетот на нашите луѓе, отколку оние од Африка, па кога одиш некаде на подолго време многу значи да имаш со кого да се дружиш, да седнеш, да поразговараш…
Да не ја спомнувам историјата и нивните археолошки локалитети кои Африка речиси и да ги нема…