Кристина, наша стјуардеса: „Имам посетено 100 земји, бев на свадба во Индија, партнерот ме запроси во Катар“

Како изгледа распоредот на една стјуардеса? Кои денови ти се одмор?

Секој месец добивам различен распоред. Денови за одмор може да бидат кои било денови во неделата.

Има опција да се побараат конкретни денови, но не секогаш е загарантирано дека ќе ги добиеш, исто важи и за дестинациите.

Со дечко ми со месеци се обидувавме да добиеме заеднички лет додека добивме конечно.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-07.jpeg

Како ги поднесуваш временските и температурните разлики?

Тешко е. Таман ќе се адаптирам на една временска зона, ќе сменам во друга. Посебно тешко ми е по прекукеанските летови, каде разликата во времето е многу поголема.

Се мачев долго време, додека на крај почнав да си легнувам тогаш кога ќе ми се спиеше. Но, особено внимавав да бидам добро наспана пред долги летови.

Температурните разлики не ми менуваат многу. Секогаш го проверувам времето каде и да летам пред да се спакувам.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-10.JPG

Колку земји имаш посетено досега?

Околу 100. Има некои дестинации кои Катар Ервејс не ги покрива, па сум идела и приватно.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-12.jpg

Дали е тешко да се работи оваа професија?

Има напорни летови, но ако го сакаш тоа што го работиш ќе ти биде задоволство. Но, верувам дека НЕ секој може да го работи ова. Бара многу трпение, подготвеност, самодоверба, брзина во работата.

Не сме само келнери во авион, будни сме на секој крик, звук и мирис. Се грижиме за безбедноста на повеќе од 350 патници.

Ако нешто се случи ние даваме и прва помош. Имаме тренинг дури и во случај ако жена се пораѓа за време на летот.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-11.jpg

Држава во која со задоволство се враќаш одново и одново е…

Австрија, Виена поточно. Тоа е првата дестинација што ја добивме заедно со дечко ми. После тоа уште неколкупати ја добив сама и ми остана во срце.

Исто Шпанија, Барселона. Бевме заедно неколкупати и би се вратила таму повторно. Никогаш не би ни здодеало.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-04_1.jpg

Држава која не би сакал да ја посетиш никогаш повеќе е…

Бангладеш. Многу е валкано, неорганизирано, не е безбедно воопшто, чуден мирис насекаде и многу комарци.

Ако сакаме рајски плажи најдобро е да одиме во…

Филипини имаат многу острови со преубави плажи. Сејшели, Занзибар, Малдиви...

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-03_1.jpg

Најубавите спомени ги носиш од…

Дефинитивно од Аделајд, Австралија. Од мала ги обожавам пандите, но никогаш претходно немав можност да видам некоја.

Кога дознав дека во нивната зоолошка градина имаат панди, ништо друго не сакав да видам и тоа беше првото нешто што сакав да го направам откако слетав таму.

Исто така и од Мумбаи, Индија. Бевме поканети со дечко ми на индиска свадба. Како единствени бели луѓе, сето внимание беше кон нас.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-08.jpg

Присуствувавме на церемониите и тоа беше прекрасно да се види во живо. Бевме облечени според нивна култура, што беше уште поинтересно и за нив.

И Доха нормално! Запознав драги луѓе таму, и дечко ми ме запроси во Доха, така да би ја памтела Доха по весели моменти вредни за паметење.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-14.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Марија и Магделена, наши фит близначки што се облекуваат во тон: „И на Сејшелите бевме модно усоглас... Oд црни бикини до зелени лелеави комбинации, близначките Марија и Магделена Гавр...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg