Кристина, наша стјуардеса: „Имам посетено 100 земји, бев на свадба во Индија, партнерот ме запроси во Катар“

Најубавата работа која ти се случила за време на некое патување е…

Пред да започне пандемијава, имав лет за Сингапур. И како и пред секој лет, се собравме сите за да споделиме детали од летот, времетраење, профил на патниците и слично.

Се изненадив кога супервизорката ми кажа дека имаме група од 40 Македонци. Многу, многу е ретко да начекаш наши луѓе на тие летови.

За време на летот сите дојдоа во задниот дел од авионот кај што работев, пееја, се сликавме, се поздравивме, се договоривме да се сретнеме некогаш во Скопје. Ми беше многу драго што ја имав таа чест да бидам на нивниот лет.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-04.JPG

Најлошата работа која ти се случила за време на некое патување е…

Ми го изгубија куферот во Чикаго, среде зима. Не можев да излезам никаде, немав ни пижами за спиење со мене. На крајот беше најден, но го добив дури кога се вратив во Доха.

Во Бали се обидував да извадам пари од АТМ машините, и картичката одеднаш ја снема. Сè уште не знам дали некој околу мене успеа некако да ми ја земе или остана заглавена во машината.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-13.jpg

Кои се најиритирачките работи кои ги прават патниците во авионите?

Кога сите одеднаш прават ред пред тоалетот за време на сервис, додека сите колички за сервис се во кабината. И мораме да се враќаме назад за секој патник што сака да помине во моментот.

И движењето боси низ авионот! Колку и да се одржува хигиената, подот е многу, многу валкан.

Ме иритира и станувањето веднаш штом авионот слета. Многу е тешко да се објасни дека не е сè уште безбедно за да се стане, сè додека не е паркиран.

Тука е и спиењето на под. Колку што не е хигиенски, не е воопшто безбедно.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-05.jpg

Дали стјуардесите имаат добри работни услови и до која возраст би можела да се замислиш да се занимаваш со оваа професија?

Претпоставувам дека условите се слични во сите авиокомпании. Во Катар Ервејс, посебно живееме женски, а посебно машки.

Најчесто становите се за двајца, поретко за тројца. Имаме посебни соби и тоалети, а останатото го делиме.

Цимерка може да ти се падне од која било земја. Јас имав цимерка од Филипините, после тоа од Казахстан и сега од Индија.

Убаво е, пристојно и доволно со оглед на тоа дека многу малку сме во Доха. Престојот и превозот пред лет и после лет ни се платени.

Убава професија е, но не е засекогаш. Доаѓа период во животот кога сакаш да основаш семејство, да имаш деца, и мислам дека би било многу напорно и да леташ во исто време. Додека си помлад и немаш сериозни планови, би рекла дека е совршената професија.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-17.jpg

Каков ти е односот со колешките? Имате ли контакт со пилотите? 

Со пилотите имаме минимален контакт. Се среќаваме и запознаваме пред летот и се гледаме уште еднаш после летот.

Во зависност од летот, а најчесто сме многу зафатени, немаме време да им обрнеме многу внимание на нив. Тие си ја вршат својата работа, ние нашата.

Колешките се секогаш нови. Поради големиот број на вработени, многу ретко ми се случило да летам со некој по вторпат. Никогаш не сум имала проблем со никој. Сите се однесуваат пристојно, си помагаме.

Ако не се потпреме едни на други кога сме високо во облаците, на кого тогаш?

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-18.jpg

Кој ти е најтежок лет?

Летовите за Америка се исцрпувачки! Обемот на работа е огромен. Имаме по 5-6 сервиси.

Секогаш се преполни, со многу бебиња и деца кои бараат посебно внимание. Профилот на патници е различен, па мора да се адаптираш на сите.

Иако имаме одмор од неколку часа, не е доволно за тие летови.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-22.jpg

Колку ти е најдолгиот лет?

Лос Анџелес, 16 часа и 30тина минути.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-19.JPG

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Драгана од Скопје живее во Пекинг: „Јадев медуза, а мислев дека се печурки, Кинези ме застануваат на... „Кога дојдов, буквално доживеав културолошки шок. Кинезите подждригнуваат, ...
Кристијан Шемко: „Се вратив во Македонија да одморам од напорната работа како ѕидар во Сиднеј, но па... „Во текот низ годините, поради носталгија и емоции за родниот крај, моите родите...
Тиана од Скопје: „Со сопругот Швеѓанец се запознавме на одмор на Родос и сега Шведска ми е дом“ „Се запознав со Патрик пред речиси 15 години на островот Родос во Грција. Обично...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...
Бојан од Скопје живее на Канарски Острови: „Локалците се дружељубиви, но ненајавен не можеш да отиде... „Тука нема толку гужви како во Македонија, никој не брза за ништо, сè е полабаво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg