Ана е во брак со фудбалерот Чума Анене: „Се запознавме во Скопје, а сега водиме ‘живот во куфери’ – Норвешка ми е омилена“

Од Данците која животна лекција треба да ја научиме? Што ти остави најсилен впечаток таму?

За Данците добив впечаток дека се повеќе резервирани, и не сакаат многу да се мешаат со нови луѓе. Си го имаат нивниот круг на најблиски и тоа е тоа. Што искрено сметам дека е добра особина бидејќи го прават само тоа што ги прави среќни, а тоа е да бидат во нивниот дом, во хиге атмосфера со запалени свеќи, и убава храна, со најблиските роднини или пријатели.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-13.jpeg

Работат продуктивно, но со скратено работно време. И се водат под слоганот „Повеќе работа значи повеќе стрес, а тоа значи повеќе здравствени проблеми“, се грижат многу за нивното здравје, возат велосипед, и приоритет им се децата и семејствата.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-12.jpeg

Преубав живот имаат и многу сум среќна што првата година на Оланна ја поминавме таму.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-14.jpeg

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-10.jpeg

Сега сте на Кипар, каков ти е впечатокот? Каков е овој остров надвор од туристичка сезона?

Сега сме на Кипар, и конечно заслужено после 3 години живот во Скандинавија малку и ние да видиме сонце.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-18.jpeg

Сега за сега многу ми се допаѓа тука, живот покрај море ми е сон, времето е преубаво, секој ден е 17-20 степени. Оланна ужива по цел ден надвор, многу сака да игра со песок на плажа, имаат многу детски игралишта, и активности за неа така што тоа ми е најважно да ѝ биде неа исполнет денот.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-19.jpeg

Сè уште го истражуваме градот Ларнака каде што живееме, има многу што да се види. Убаво е што во овој дел од годината нема многу туристи, па смирено можеме да шетаме и уживаме.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-20.jpeg

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-17.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg