Ана е во брак со фудбалерот Чума Анене: „Се запознавме во Скопје, а сега водиме ‘живот во куфери’ – Норвешка ми е омилена“

Во колку земји сте живееле и која ти била омилена (и зошто)?

Досега сме живееле заедно во 5 земји. Во Русија 2 години, Казахстан 2 години, во Данска 1 година, и во Норвешка 2 години и моментално сме на Кипар веќе еден месец.

Најубаво ми беше во Норвешка, иако постојано беше студено, има толку многу што да се прави посебно кога бев сама со Оланна.

Секојдневието ни е преубаво исполнето кога сме таму, имаат преубави библиотеки, преубава природа, игралишта, сè е преубаво смислено, изградено и сочувано.

Луѓето се многу пријатни, позитивни и насмеани. Исто така предност е што таму е фамилијата на Чума, па и на Оланна и е поинтересно кога сме со повеќе луѓе.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-08.jpeg

Каков е животот во Русија?

Животот во Русија е тежок ако не знаеш руски јазик. Малку ме нервираше тоа што тешко се разбиравме со Русите и што морав да одам на фудбалски натпревари на минус 17.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-15.jpeg

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-16.jpeg

Што ти пречеше најмногу во Казахстан, а што ти се допадна најмногу?

Казахстан посебно градот Алмати каде што живеевме ме воодушеви. Преубава природа, планини, многу висококатници, доста модерен и убав град.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-04.jpeg

Градот е буден 24/7, луѓе има во секое време во сите ресторани и кафулиња, сите се средени и дотерани.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-02.jpeg

Единствено нешто што и таму ме иритираше е тоа што не зборуваа англиски, па и со нив тешко се разбиравме.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-01.jpeg

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-03.jpeg

Долови ни го секојдневието во Норвешка, што те воодушеви најмногу?

Нешто што е многу важно за Норвежаните е да бидат со нивните најблиски и да посветат 100% внимание на своите деца, дали е тоа дома во пријатна атмосфера или во библиотека или во ресторан на ручек.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-06.jpeg

Реткост е да видиш семејство како седи на телефон додека се заедно, го користат секој момент за разговор и реконекција со најблиските.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-09.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg