Али Вишам, локалец на Малдиви: „Македонците се одлични туристи, но им недостига алкохол кога се на островот“

Од сите екскурзии што ги работиш која им е најинтересната?

Нема сомнение, пливање со ајкули-дадилки им е најинтересното доживување. На почеток скоро сите се плашат, но ако ги почитуваат инструкциите што ќе им ги кажеме тогаш нема никаков проблем.

ali visham vodic na maldivi makedonskite turisti se edni od najzabavnite a najinteresno im e da plivaat so ajkuli dadilki 1

Од твоето досегашно искуство од каде потекнуваат најзабавните туристи, а од каде најздодевните?

Ги почитувам и сакам сите туристи, но ако треба да издвојам би рекол дека Македонците се едни од најзабавните, зашто секогаш остварувам пријателска поврзаност со нив, а тука се и Шпанците и Русите, но тие не се како Македонците…

Најздодевни се од Индија, зашто никогаш не ги почитуваат правилата што ќе им се кажат.

ali visham vodic na maldivi makedonskite turisti se edni od najzabavnite a najinteresno im e da plivaat so ajkuli dadilki 6

А, они кои наоѓаат маани за сè?

Индијците.

Каков е животот на локален остров на Малдиви?

Многу едноставен. Ако ги следиш правилата на владата тогаш сè е лесно. Од водење на мали бизниси до стапување во брак. Младата генерација на островот нема проблем со ништо, сакаат да се дружат со странци, тоа на нив многу им е забавно. Постарата генерација знаат да реагираат ако видат некоја жена како по бикини се шета на улица…

А секојдневието тука е слично постојано. Луѓето работат до кај три-четири часот, потоа одат во своите домови да се одморат, да погледаат телевизија и да поминат време со своето семејство. Кога имаме слободни денови најчесто одиме на кафе, го поминуваме времето со нашите пријатели, одиме да пливаме во океанот и спортуваме.

ali visham vodic na maldivi makedonskite turisti se edni od najzabavnite a najinteresno im e da plivaat so ajkuli dadilki 7

Што е она што секој турист треба да го направи кога ќе дојде на Мафуши?

Да плива со желки, делфини, ајкули-дадилки, да одат на песочни насипи и да ја вкуси локалната кујна: супа од туна, ориз, кромид и риба на скара.

Раскажи ни го највозбудливото искуство во океан?

Хм, пред неколку години, за време на една екскурзија за првпат во животот видов китови-убијци како пливаат покрај бродот. Тоа е нешто на кое засекогаш ќе се сеќавам.

ali visham vodic na maldivi makedonskite turisti se edni od najzabavnite a najinteresno im e da plivaat so ajkuli dadilki 2

Зошто животот покрај океан е убав?

Таму се наоѓа спокојот што на сите ни е потребен.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg