Сандра Малетски за животот на Филипини: „Ме плашеа тајфуните и вулканските ерупции, но Филипинците постојано си пеат“

„Филипинците се весел народ, сите пеат! Многу сакаат да пеат, може да си влезеш во продавница и вработените да си пеат додека редат по полиците. Исто така, многу се религиозни, во недела одат во црква на миса. Но, живеевме на 22-ри кат од 60-катница и кога се случуваше да има земјотрес во 3 часот по полноќ беше доста страшно искуство. Тајфуните исто така не беа баш пријатни, а вулканот беше капак на сè …“, раскажува Сандра Малетски (32) за животот на Филипини.

sandra-maletski-za-zhivotot-na-filipini-me-plashea-tajfunite-i-vulkanskite-erupcii-no-zemjata-e-turistichki-raj-01.jpg

Сандра Малетски (32) по професија дипломиран педагог – магистер по човечки ресурси е мајка на Миа и сопруга на Станислав и живее надвор од Македонија речиси шест години.

Нејзино постојано живеалиште е во Софија, Бугарија, но една година со семејството има живеено во Израел, а една на Филипини.

За CRNOBELO.com таа споделува детали од животот на Филипини...

Зошто токму Филипини? Ти се допадна ли Филипини уште на првото стапнување таму? Колку време живеевте таму?

Поради работата на сопругот, така се случи да треба една година да се преселиме и живееме на Филипини.

Ми се допадна од првата секунда кога пристигнав. Живеевме една година, но да имавме можност, со сигурност би останала да живеам таму и повеќе.

sandra-maletski-za-zhivotot-na-filipini-me-plashea-tajfunite-i-vulkanskite-erupcii-no-zemjata-e-turistichki-raj-33.jpg

Како реагираше твоето семејство кога донесе одлука за преселба таму?

Првото прашање беше: „Чекај каде беше Филипини?“. Со 100 процентна поддршка како и секогаш. Нашите родители се веќе навикнати, за 5 години брак живеевме во три земји.

sandra-maletski-za-zhivotot-na-filipini-me-plashea-tajfunite-i-vulkanskite-erupcii-no-zemjata-e-turistichki-raj-20.jpg

Колку време се патува до Филипини? Колку чини авионски билет?

Јас веќе скоро шест години не живеам во Македонија. Живеам во Бугарија, затоа патувавме од Софија.

Софија-Истанбул-Манила, летот од Истанбул до Манила е ноќен и трае околу 13 часа. Колку што помнам, цената на билетот започнуваше од околу 1.000 евра па нагоре со багаж од 32 килограми.

sandra-maletski-za-zhivotot-na-filipini-me-plashea-tajfunite-i-vulkanskite-erupcii-no-zemjata-e-turistichki-raj-05.jpg

Зошто Филипини е уникатна земја?

Филипини е втор по големина архипелаг во светот, составен од над 7.100 острови. Областа Метро Манила е составена од 16 градови и население од над 12.877.253.

Уникатна земја е затоа што освен прекрасните острови, кои изгледаат како фотографија на разгледница, има прекрасни планински места во северниот дел на Филипини каде и температурите се пониски за разлика од тие во Манила и островите.

sandra-maletski-za-zhivotot-na-filipini-me-plashea-tajfunite-i-vulkanskite-erupcii-no-zemjata-e-turistichki-raj-06.jpg

Долови ни ја атмосферата од местото каде што живееше… Што оттаму би си посакале во Македонија?

BGC (Bonifacio Global City) каде што ние живеевме е еден од водечките финансиски и лајфстајл региони во земјата. Изгледа како мини Америка скоцкана во едно мало гратче. Модерно, чисто, убаво, со висококатници до 60 ката и многу зелено. Англискиот јазик е официјален во земјата, така што нема никаков проблем за комуникација.

Многу се обрнуваше внимание кон намалување на употреба на пластиката, нешто што многу ми се допадна. Кафето за носење секогаш е во картонска чаша и картонски капак, хартиени цевки, платнени и хартиени торби за пазарење, храна спакувана во картонски кутии. Кога нарачував овошје и зеленчук од околни фарми, секогаш ми ги доставуваа во картонска кутија во која овошјето и зеленчукот беа спакувани во лист од банана.

Има прекрасни книжарници на три ката со огромен избор на книги. Можеш да си седнеш и да си читаш и разгледуваш слободно, во детскиот дел, децата си седеа на под и си разгледуваа детски книги, нешто што ѝ беше омилено на Миа. На третиот кат имаше Старбакс, каде што можеш да си купиш кафе и да си уживаш во книгата.

sandra-maletski-za-zhivotot-na-filipini-me-plashea-tajfunite-i-vulkanskite-erupcii-no-zemjata-e-turistichki-raj-13.jpg

Каква е природата? Што те има воодушевено најмногу?

На Филипини има само две сезони, постои влажна или дождлива сезона, од јуни до ноември, и сува сезона, од декември до мај.

Природата изгледа типично како за една егзотична земја. Палми, цвеќиња и зеленило насекаде. Кога е сува сезона е најпогодно за шетање низ околните острови, температурите се високи, а со оглед на тоа што земјата е остров влажноста на воздухот скоро постојано е над 80%.

Влажната сезона е проследена со дождови и тајфуни. Во Манила тие се за нијанса послаби, но на островите за жал знаат да бидат страшни и многу опасни.

Бидејќи Филипини е дел од таканаречениот огнен прстен, има и чести земјотреси. За време на нашиот престој таму почувствувавме два земјотреси што и беа и тоа како беа језиви кога живееш на 22-ри кат. Вулканот Таал се активираше, а се наоѓа на 40 km од градот во којшто живеевме.

sandra-maletski-za-zhivotot-na-filipini-me-plashea-tajfunite-i-vulkanskite-erupcii-no-zemjata-e-turistichki-raj-23.jpg

Има ли убави туристички места?

Има прекрасни туристички дестинации. Како најпознат и најпосетен од страна на туристите е островот Боракаи.

Потоа островот Бохол со препознатливите така наречени Чоколадни ридови (Chocolate Hills). Pamalican island (Palawan), каде што се наоѓа еден од најлуксузните ресорти Amanpulo, оризовите тераси во северниот дел на Филипини, Островот Себу и уште многу, многу други.

sandra-maletski-za-zhivotot-na-filipini-me-plashea-tajfunite-i-vulkanskite-erupcii-no-zemjata-e-turistichki-raj-17.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Александра од Скопје ја посети Шри Ланка: „Ја направив фамозната фотка од воз на инфлуенсерките, но ... „Сите што сакаат да ја направат познатата фотографија, обично букираат втора или...
Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој... „Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав ките...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg