Сандра Цветковска, фотограф на брод: „Јамајка е рај, но нема да го заборавам зип-лајнот во прашума во Костарика“
Имаше ли некои незгодни ситуации?
Не би рекла, или барем не ми останале во сеќавање. Јас сум тип на личност којашто секогаш ги понесува само убавите спомени.
Корона вирусот од корен го измени лицето на светот, каква е ситуацијата во државите што ги посети?
Маските се задолжителни насекаде, а локалните власти се трудат да го заштитат населението и економијата од повеќе штета.
Без што не заминуваш на патување?
Без мојот дневник и камера. Дури и кога патувам низ Македонија на неколку дена, ги носам со себе.
Врз основа на што ги бираш дестинациите коишто сакаш да ги посетиш?
Не очекував дека на ова прашање ќе ми биде толку тешко да дадам одговор. Повеќето патувања надвор од работата ми биле поради луѓе коишто во одреден момент од животот ги имам запознаено и поради разговори на тема патувања решив да отпатувам ваму или таму. Не станува збор за препораки на ресорти или туристички дестинации, мене повеќе ме интересира културата, историјата и животот на луѓето зад сето тоа.
Кои се твоите следни дестинации што сакаш да ги посетиш?
Планирам интересни патувања наредниот период коишто нема да бидат поврзани со мојата работа. Следете ме на Инстаграм за да прочитате за нив кога ќе им дојде редот.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело