Владанка Крстевски за медениот месец во Мексико: „Ме шокираше влажноста на воздухот, а ме воодушевија луѓето“
Се чувствуваше ли безбедно?
Да. Во ниту еден момент не почувствував опасност. Можеби еднаш во Тулум, ама не поради реална опасност, туку бидејќи јас сум паничарка.
Има ли многу бои во оваа држава? Некако така ја доживуваме на фотографии...
Има многу бои и многу душа. Каква што им е храната, таков им е животот.
Мислам кај нив е сѐ песна, насмевка и уживање. Се радуваат на мали работи, се почитуваат, мислам дека тоа ми остави најголем печат. Да бидеш тука за некој, да си отворен за светот, да не си себичен.
Многу болка има во тој народ, сиромаштија, но и радост. Мексико е како човек со тажни очи и насмевка од уво до уво.
Каква беше храната, кој ти беше највкусниот оброк? А највкусен пијалак?
Taкос и Маргаритка – сѐ ми беше вкусно се вратив со 2 килца плус.
Те воодушеви ли архитектурата?
Архитектурата е како од теленовелите – ме воодушеви сѐ. Посебно колоритноста и разиграноста во најмалите детали.
Мексиканците се чудо – секаде наоѓаат начин да го слават животот.
Какви се цените таму, скапо ли е за туристите?
Во местата кај што бев јас цените се грчки. Значи не е многу евтино ама може да се дозволи.
Да речеме убава вечера се движи од 20 до 30 евра. Пијалак е околу 5 до 10 евра.
Имаше ли туристи од други земји?
Цел свет беше таму.