Мартин Фармаков за животот во Естонија: „Јавниот превоз е бесплатен, а Талин важи за еден од најчистите градови во Европа“

„Естонците се доста тивки и смирени и се тотално различни од нас Македонците. И зимно време пливаат во Балтичкото Море, но потоа веднаш влегуваат во сауна. Во зима, пешаците носат рефлекторски значки за поголема видливост. Омилена работа во Естонија ми е чистиот воздух“, раскажува Мартин Фармаков (32) и детално открива како изгледа животот во Естонија за CRNOBELO.com.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-01.jpg

Јас сум Мартин Фармаков (32) e роден сум и пораснат во Скопје. Toj има дипломирано на Економскиот факултет  во Скопје, отсек е-бизнис, а веќе 2 години живее и работи во Естонија, како Fraud and Data Analyst во ИТ индустријата.

За CRNOBELO.com тој споделува зошто токму Естонија и каков е животот таму:

Зошто токму Естонија? Од каде оваа идеја?

Естонија се случи многу случајно, без некоја посебна желба или намера да се преселам токму таму.

Се одлучивме за преселба поради отворените можности за професионална надградба во кариерата. Имав повеќе интервјуа за работа во неколку европски земји, но на крајот добив понуда од естонска компанија и одлучив да ја прифатам шансата и предизвикот кој што беше пред мене.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-14.jpg

Зошто ти се допадна Естонија уште на првото стапнување таму?

Буквално, првото нешто со кое се соочувате е чистиот и остар воздух (ние Македонците многу лесно ја воочуваме разликата), аерозагадувањето е сведено на минимум, потоа зеленилото низ градот, има многу паркови и огромни шумски пространства, а Талин важи за еден од најчистите градови во Европа.

Секако тука е и преубавата архитектура и вековната историја.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-02.jpg

Како реагираше твоето семејство кога донесе одлука за преселба таму?

Искрено, нашите родители беа малку изненадени, бидејќи тоа никогаш не било тема на муабет кај нас, од едноставна причина што не сме имале потреба да се преселиме некаде надвор од Македонија. Но, понудата која што ја добив ми изгледаше како добра можност, па решивме да пробаме и мислам дека не згрешивме.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-03.jpg

Колку време се патува од Македонија до Естонија? Ја посетуваш ли Македонија често?

За жал, од Македонија до Естонија нема директен лет, мора да се прават комбинации со два лета, па поради тоа и авионските карти чинат од 150-200 евра, па нагоре.

Со оглед на тоа што се преселив во Естонија кратко пред да почне цела оваа ситуација со пандемијата, карантини, откажување на летови, само еднаш дојдовме во Македонија првпат ова лето, и останавме неколку месеци. Се надевам дека во иднина ќе доаѓаме почесто.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-18.jpg

Зошто Естонија е уникатна земја?

Прво, поради извонредната култура и традиција, архитектурата и многубројните замоци.  Потоа, Естонија е земја на старт-ап компании и посакувана дестинација на голем број ИТ професионалци. Исто така е дом на компании како: Skype, Hotmail, KaZaa, Transferwise, Taxify (Bolt) и многу други.

Естонија е дигитално општество и создавач на европскиот e-residency систем.

Административните работи се средени и организирани одлично, нема редици за чекање и речиси секоја работа може да биде практично средена и завршена онлајн за многу кратко време.

Интересно  е и што Естонците имаат неофицијална спортска дисциплина на Wife Carrying (Носење на жена на грб).

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-21.jpg

Долови ни ја атмосферата од главниот град... 

Талин е спој на историјата и модерното живеење. Највпечатлив е стариот град кој датира од средниот век и е на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Во периодот околу новогодишните празници токму на плоштадот во стариот град се поставува елка (првпат била поставена во 1441 година) и се одржува Божиќен маркет, којшто важи за еден од најубавите во Европа.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-06.jpg

Во главно тоа што најмногу ни се допаѓа е што градот е мирен, нема многу врева и гужви, доста е безбеден и чист.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-19.jpg

Каква е природата? Што те има воодушевено најмногу?

Естонија е претежно рамничарска земја (највисоката точка е 318 м.н.в) и искрено малку ни фалат планините од Македонија. Исто така околу 60% од територијата е покриена со шуми, а има и над 1.400 езера, голем број на водопади и каскади.

Природата во целина е прекрасна, има незаборавни пејзажи во секое годишно време и преубави зајдисонца, посебно во текот на зимата.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-23.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Тиана од Скопје: „Со сопругот Швеѓанец се запознавме на одмор на Родос и сега Шведска ми е дом“ „Се запознав со Патрик пред речиси 15 години на островот Родос во Грција. Обично...
Бојан од Скопје живее на Канарски Острови: „Локалците се дружељубиви, но ненајавен не можеш да отиде... „Тука нема толку гужви како во Македонија, никој не брза за ништо, сè е полабаво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg