Мартин Фармаков за животот во Естонија: „Јавниот превоз е бесплатен, а Талин важи за еден од најчистите градови во Европа“
Какви се локалците кога станува збор за пријателствата?
Самите Естонци се резервирани и помалку затворени за формирање нови пријателства.
Секогаш спремни да помогнат, меѓутоа последни да го покренат тој прв чекор на комуникација и креирање нови познанства.
Пред да одиме во Естонија што треба да знаеме?
Со оглед дека климата тука е за неколку степени поладна од таа во Македонија, носете потопла облека, дури и во лето, бидејќи и тогаш температурите се движат околу 20-25 степени, и знае да застуди. Сè останато ќе ве воодушеви само по себе.
Би се вратил ли да живееш во Македонија некогаш?
Секако, опцијата е секогаш отворена, сепак Македонија беше мојот живот 30 години, таму е нашата фамилија, пријателите кои секако ни недостасуваат, многу спомени кои ќе останат за цел живот.
Но засега сме тука, во исчекување на нови предизвици и авантури.
Повеќе фотографии од Мартин од Естонија:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело