Планинарска тура низ Македонија со Ана од Битола: „Баба Планина ми е втор дом, ја качувам еднаш неделно“
- Детали
- вторник, 30 ноември 2021
„Врвот Голем Крчин 2.341 м н.в. ми е еден од омилените врвови, зошто? Тоа е нешто кое не може да го опишам со зборови“, раскажува 27-годишната Ана, позната како Црна Рибизла, за CRNOBELO.com. Таа ги има качено и Арарат во Турција 5.137 м н.в. и оваа година Елбрус, капата на Европа, 5.642 м н.в. во Русија.
Ана (27) е девојка од Битола, која по социјалните мрежи е позната како Црна Рибизла. Таа е дипломиран криминалист на Факултет за безбедност во Идризово и вечен вљубеник во природата.
За CRNOBELO.com таа споделува од каде потекнува нејзината страст кон планините:
„Доаѓам од Битола, градот под Баба Планина, па како и повеќето сограѓани од Битола, така и јас, љубовта кон планините и планинарењето ја стекнав уште од најмала возраст. Првите поминати денови на планина кои никогаш нема да ги заборавам ги поминав во основно образование, кога скоро секоја година организирано нè носеа на викенд во детското одморалиште на Баба Планина. За жал, тоа денес е само една напуштена рушевина.
Посериозно и активно со планинарење започнав во 2017 година, тогаш и ми беше првото искачување на врвот Пелистер 2.601 м, во февруари, во зимски услови. Од тој ден, па сè до денес речиси секоја седмица барем еднаш го посетувам врвот Пелистер.
https://www.instagram.com/p/CJi2jmuHdK9/
https://www.instagram.com/p/CIpwuqTHsdg/
Од 2020 година почнав да се занимавам со високогорство и експедиционизам, а како прво искуство на повисоки планини ми беше искачувањето на врвот Арарат во Турција 5.137 м н.в. и оваа година искачувањето на Елбрус, капата на Европа, 5.642 м н.в. во Русија.
https://www.instagram.com/p/CFPG4u7HIaN/
Покрај планинарењето активно тренирам кик-бокс и кросфит, а исто така сум и дел од Тимот за одговор при катастрофи при Црвен Крст Битола.
За Баба планина, со еден збор ќе кажам дека ми е втор дом. Ги имам искачено скоро сите врвови, некои од нив и по неколку пати.
https://www.instagram.com/p/CRWfhrLnlJx/
Од нив сакам да издвојам неколку кои би ги препорачала на останатите љубители на природата и планиарењето, а тоа се:
Врвот Ветерница со поглед над Големо езеро, особено во летен период на изгрејсонце.
https://www.instagram.com/p/CDQaY4WnLJU/
Врвот Големо Врвче, можеби е помалку посетувам но има феноменален поглед кон Преспанското Езеро, и буквално остава без зборови.
https://www.instagram.com/p/CM7ynDqn8Hb/
Врвот Пелистер, највисокиот на Баба планина, е доста интересен за искачување, има пристап од повеќе патеки, мене омилена во зимски период ми е патеката по камењарот и патеката по бандери, во останатиот период искачувањето го правам или по патеката по болници, особено во летните жешки денови, или по патеката покрај ловечка.
Од Баба Планина по извесен период почнав да ги посетувам и другите планини во Македонија.
Најпрво Галичица, позната по врвот Магаро, интересна не многу захтевна од која се доловува целото Охридско Езеро и Охрид. Убава е и во лето и во зима, и ја препорачувам за планинари кои се на почеток со планинарењето или се со послаба физичка подготвеност.
https://www.instagram.com/p/CVPi6zpo6nU/
https://www.instagram.com/p/B99Y-B5H1Ov/
Над Струга, се издига Јабланица. За неа, отсекогаш сум викала дека нема ништо специјално со што би ме привлекла да ја искачам, сè до моментот дури прв пат не ја посетив и го искачив Црн Камен 2.257м н.в. На Јабланица исто така доста интересен врв е Стрижак и таа цела трансверзала од Стрижак до Радожда. Поминувајќи ја, врвите над неколку езера меѓу кои Подгоречко и Вевчанска локва.
https://www.instagram.com/p/CHMwXwmntns/
https://www.instagram.com/p/CHtNDSdnSn4/
https://www.instagram.com/p/CHnSKY1HpDA/
На западната граница на Македонија може да ја посетиме планината Крчин. Највисок врв е Голем Крчин 2341 м н.в. Прв пат го искачив на организирана божествена литургија организирана од Бигорскиот манастир, и од тогаш ми е еден од омилените врвови, зошто? Тоа е нешто кое не може да го опишам со зборови.
https://www.instagram.com/p/CDL7DbinIFo/