Планинарска тура низ Македонија со Ана од Битола: „Баба Планина ми е втор дом, ја качувам еднаш неделно“
Кораб 2.764 м н.в. највисокиот врв во Македонија, го посетувам еднаш годишно, како тренинг за на таа висина. Но, од корабскиот масив јас би го издвоила врвот Рибничка скала. Погледот од Рибничка скала кон другите врвови на корабски масив е баш како да си во амфитеатар.
https://www.instagram.com/p/CUurE1Uosn0/
https://www.instagram.com/p/CU5xjHhoaLa/
https://www.instagram.com/p/CGLbmMxn_IQ/
Во средишниот дел на Македонија ја имам посетено Солунска Глава 2540 м н.в. на планината Јакупица. Карактеристично за оваа планина е погледот од самиот врв кон Нежилови стени, особено ако облаците се паднати под 2.500 м.
https://www.instagram.com/p/CPfhKxoH8FE/
https://www.instagram.com/p/CPkqPKOHDZ6/
За крај би ја споменала Шар Планина, за мене ПЛАНИНИШТЕ. Толку врвови и различни убавини, не сум сретнала на друга планина. Секој пат, секое искачување, секој врв си има своја убавина и тежина.
Една од моите цели е да ги искачам барем повеќето врвови на Шар планина, над 2.000 м, ако не и сите.
https://www.instagram.com/p/CT49Mi9Inyl/
https://www.instagram.com/p/CCA1jMrHJWA/
Титов Врв и Љуботен се веќе доста познати и посетувани врвови на Шара, а јас би ги издвоила следните врвови и неколку езера:
Врвот Кобилица 2.528 м н.в. и врвот Пирибег 2524 м н.в., доста тешки врвови, кои кога ќе ги искачите се чувствувате баш како да сте се надминале себеси.
https://www.instagram.com/p/CPyqIzsnVL8/
Караниколичко Езеро, кое дефинитивно прави магија кога ќе го посетите.
https://www.instagram.com/p/CT7-9D3os8S/
Црно езеро со поглед кон Бориславец
https://www.instagram.com/p/CHWFor2H6N5/
Ова се мал дел од планинските убавини кои можам да ги предложам да се посетат во Македонија. Ги имаме многу и се преубави, но се почесто се соочуваме со примери на непочитување на природата, палење, дрвосеча, правење хидроцентрали, палење домови …
Да си ги чуваме, едни ни се!
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело