Ангела Трајкоска: „Во Кападокија турски чај е 30 денари, а летот со балон е незаборавно искуство“
Најдобрата страна на Кападокија е…
Уникатното доживување коешто не може да се доживее и најде на ниту една друга дестинација и кое не може да биди пренесено со зборови или фотографии.
Најлошата страна на Кападокија е…
Вкусната храна која ве предизвика да се вратите со некој килограм плус и желбата да се посети повторно ова уникатно место.
Како се движеше таму, кои места ги посети, се леташе ли со балон? Колку чини ова задоволство?
Таму се движевме со локален водич којшто обезбедуваше трансфер со комбе или автобус. Да се посети Кападокија без да се доживее летањето со балон е исто како да не си бил во Кападокија.
Летот со балонот траеше околу 1 час, а истиот нè чинеше 120 евра по лице (цена којашто може да варира во зависност од организација на локални агенции).
Најромантична сцена на која посведочи на Кападокија е…
Не пропуштивме утро, а да не станеме за да ги гледаме стотиците балони кои летаа над нас.
Баш поради тоа, скоро во секој хотел се наоѓа типично турски уредена тераса на којашто се прават убави фотографии и се ужива во прекрасната глетка.
Како една од највпечатливите сцени од цело патување ни беше видиковецот над Ѓореме од каде што последното утро, како јагода на шлагот, се гледаа стотици балони како полетуваат од сите страни, глетка од која запира здивот.
Дали би ја препорачала како дестинација за одмор на сите?
Веќе сите околу мене ги убедив да ја посетат Кападокија во најбрз можен рок, или барем да ја стават во ТОП 3 дестинации за посета во животот, така што – дефинитивно!
Повеќе фотки од Ангела од Кападокија:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело