Халил (18) го напуштил домот во Истанбул со 70 евра и тргнал на патување низ светот – моментално е во Македонија

„Македонците сакаат да помагаат, освен кога ми бараат повеќе од реалната цена“ – вели за CRNOBELO.com Халил (18) од Турција, кој со 70 евра во џеб го напуштил домот и со автостоп тргнал низ светот, а деновиве ја истражува Македонија.

halil-18-go-napushtil-domot-vo-istanbul-so-70-evra-i-trgnal-na-patuvanje-niz-svetot-momentalno-e-vo-makedonija-01.jpg

Осумнаесетгодишниот Халил Каптан од Истанбул е уште еден номад кој замина од својот роден град за да може да го пропатува и истражи светот. Потекнува од семејство со 10 браќа и сестри и родители од кои ја има сета поддршка што му е потребна за да ја напише приказната на својот живот.

Халил е момче кое сака природа, кампување, сака да запознава нови луѓе и да учи за нивната традиција и начин на кој тие го поминуваат времето додека се наоѓаат во своите домови.

Животните се неговата слаба страна, па затоа гледа колку што е можно повеќе време да поминува со нив. На својот Инстаграм и Јутјуб канал редовно ги споделува доживувањата од посетените места.

Моментално Халил е во Македонија и за CRNOBELO.com ја открива својата приказна... 

„Кога бев дете постојано си повторував дека еден ден ќе го пропатувам светот. Тоа е мојот голем сон кој со голема посветеност сакам да го остварам. Знаев дека кога ќе започне ова големо патување, првите држави што ќе ги посетам ќе бидат оние на Балканот“, се присетува Халил.

halil od turcija na 18 godini zaminal od doma da go propatuva svetot vo momentot volontira vo rosoman 4

На свои 15 години со автостоп патувал низ Турција, подготвувајќи се за она што допрва следува. Кога наполнил 18 години и дента кога го зел пасошот, сфатил дека тоа е вистинскиот момент да се замине и доживее светот.

halil od turcija na 18 godini zaminal od doma da go propatuva svetot vo momentot volontira vo rosoman 1

Прво заминал до Грузија на две недели, па се вратил во Истанбул да се вакцинира против КОВИД-19, а по примање на својата доза го спакувал ранецот: неколку маици, панталони, 5 пара чорапи, шатор, вреќа за спиење и тенок душек.

Кога целосно бил подготвен, со 70 евра во џеб го напуштил своето семејство и прво ја посетил Албанија, а после и Македонија.

Неговото патување изгледа долго, непредвидливо. Исполнето со адреналин и мигови кои ќе му овозможат подобро да го разбере животот.

По Македонија планира да ги посети Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора… Ако успее да најде евтини билети, патот ќе го одведе на другата страна од светот, Кина или Индија.

halil od turcija na 18 godini zaminal od doma da go propatuva svetot vo momentot volontira vo rosoman 3

Халил речиси и не троши пари за сместување, секогаш пробува да најде бесплатно сместување преку платформата каучсурфинг, а во случај ако не најде, тогаш на некое изолирано место го поставува шаторот и таму ја поминува ноќта.

За време на своето патување изработува белегзии кои ги продава и со тоа заработува за храна и џепарлак. Понекогаш, преку страницата Workaway оди да волонтира, каде во замена за неколкучасовна работа во текот на денот добива бесплатен кревет и храна.

halil od turcija na 18 godini zaminal od doma da go propatuva svetot vo momentot volontira vo rosoman 2

„Многу ме прашуваат дали се плашам да патувам со автостоп. Но, можам да кажам дека за сега имам само позитивни искуства. Интуицијата добро ми функционира така што можам да почувствувам на кого можам да му верувам, а на кого не“, споделува Халил.

halil od turcija na 18 godini zaminal od doma da go propatuva svetot vo momentot volontira vo rosoman 5

Поради тоа што за ништо не се брза, секогаш пополека се движи од една до друга дестинација. Во случај ако никој не му застане и го фати мрак, тогаш наоѓа некое подискретно место, го отвора шаторот, знаејќи дека кога ќе се раздени ќе продолжи кон нови и непознати места.

halil od turcija na 18 godini zaminal od doma da go propatuva svetot vo momentot volontira vo rosoman 6

За престојот во Македонија и впечатокот за нашата земја, Халил за CRNOBELO.com открива:

„Во Скопје престојував повеќе од една недела и можам да кажам дека ми се допаѓа. Интересно е тоа што кога шетав низ старата скопска чаршија со многумина можев да се разберам на турски јазик. Тоа ми правеше да се чувствувам како да сум дома, во Истанбул“.

Халил вели дека Македонците се пријателски расположени и сакаат да помогнат, освен во некои ситуации кога му побарале повеќе пари од реалната цена.

https://www.youtube.com/watch?v=3ug3J1_9Lg8

Според Халил, многу луѓе од неговата држава сакаат да патуваат, но некои немаат време, некои имаат семејство, работни обврски или едноставно не можат да ја напуштат комфор зоната.

Затоа тој на своите профили на социјални мрежи сака да ги инспирира луѓето и да им го пренесе своето искуство со цел да ги замисли и да им вдахне храброст дека патувањето може да го подобри животот на секого.

https://www.youtube.com/watch?v=xs_kO4U4TsE

Во моментот волонтира кај едно семејство во Росоман, помагајќи им во извршување на дневните обврски и бојадисување на ограда, а кога ќе заврши со ова, Халил е подготвен да се соочи со нови хоризонти што чекаат да бидат спознаени.

halil od turcija na 18 godini zaminal od doma da go propatuva svetot vo momentot volontira vo rosoman 10

halil od turcija na 18 godini zaminal od doma da go propatuva svetot vo momentot volontira vo rosoman 7

halil od turcija na 18 godini zaminal od doma da go propatuva svetot vo momentot volontira vo rosoman 8

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg